Џорџина ја покажа божиќната бајка во домот во Англија, откако Роналдо ја купи најскапата куќа во Португалија (видео)
- Детали
- вторник, 15 ноември 2022
Камин во кој гори оган, елка, огромна елка со лампиони и голем број светилки кои ги управуваат од телефон... Вака изгледа домот на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез во пресрет на божиќните празници. Парот наскоро ќе се сели во Португалија, но тоа не е причина да не го уредат домот во Англија во духот на празниците.
Според пишувањата во светските медиуми ова најверојатно ќе биде последниот Божиќ што семејството на Кристијано Роналдо ќе го помине во нивниот дом во Англија, па Џорџина ја искористила шансата да направи божиќна бајка во куќата.
Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез се пофали на Инстаграм со божиќната декорација на нивниот дом во Манчестер, а како што можеме да видиме од краткото видео, освен големата елка под која има розов автомобил кој е мини верзија на Bugatti Veyron и светлечки подароци, целиот дом е декориран со сијалички што може да се контролираат со паметен телефон.
Инаку, се очекува дека Роналдо од јануари 2023-та година нема да ја продолжи кариерата во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, а според дел од светските медиуми семејството веќе купило куќа во Португалија, која во моментов се реновира.
За да ја купи куќата во Португалија, Роналдо морал да одвои 11 милиони евра, а по реновирањето, луксузниот имот би требало да достигне цена од 21 милион евра. Ова, во моментов е најскапиот имот во Португалија, што се очекува дека ќе биде завршен на почетокот на следната година.
Погледнете го видеото од божиќните декорации на домот на Кристијано Роналдо и Џорџина:
Б. С. Б. | Црнобело