Кејт Мос имаше незгода со фустанот и голите гради на забава – исто како во младоста (фото)
- Детали
- петок, 11 ноември 2022
По лудата забава во Лондон, Кејт Мос е уловена од папарацо фотографи како се шета низ улиците на Лондон со длабоко деколте од кое ѝ ѕирнаа голите гради. Манекенката со ова последно издание многумина ги потсети на лудите забави од минатото, кога ги полнеше таблоидите со своите скандали и изданија во кои видно беше под дејство на опојни супстанци.
На социјалните мрежи масовно се шират папараци фотографиите од британскиот топ модел Кејт Мос која и во петтата деценија од животот е во топ форма и се појавува во смели модни изданија како во периодот кога беше на врвот од својата кариера.
Кејт Мос (48) имаше мал проблем со проѕирната тоалета на заминувањето од лудата забава во Лондон што се одржа во средата, а папараците ја уловија како гордо шета со разголени гради низ улиците на метрополата.
Кејт уште еднаш покажа зошто во минатото важеше за „кралица на скандалите“, кога ги полнеше страниците на таблоидите благодарение на лудите забави и скандали, па така и овојпат не ја пропушти можноста да се забавува.
Очигледно, по долгата вечер помината во забава и во танцување, манекенката и не забележа дека нејзиното смело деколте открива повеќе отколку што треба.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело