Една недела по смртта на Арон Картер, објавени извадоци од неговите мемоари: „На 12 години ја загубив невиноста со Хилари Даф“
- Детали
- петок, 11 ноември 2022
Нема ниту една недела откако Арон Картер почина на 34-годишна возраст, а досега неовластено беше објавен еден негов албум, а објавени се и извадоци од неговите скандалозни мемоари, во кои тврди дека имал секс со Хилари Даф кога таа имала само 13 години. Актерката е згрозена од бездушниот начин на кој одредени издавачки куќи се обидуваат да заработат од трагедијата.
Братот на Ник Картер од Backstreet Boys, Арон во саботата (05.11) беше пронајден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија, а во изминатата недела по неговата смрт, неговиот менаџерски тим има полни раце работа.
Покрај тоа што тимот се бори со неовластеното објавување на новиот албум на музичарот насловен „Blacklisted“ истовремено една издавачка куќа одлучи предвреме да ги објави неговите недовршени мемоари во кои има голем број скандалозни тврдења поврзани со неговиот живот како дете-ѕвезда.
Арон во нив тврди дека со Хилари Даф, која во тоа време му беше девојка, имал секс на возраст од 12 години, а таа имала околу 13 години кога ја загубила невиноста со него.
„Јас и Хилари заедно ја загубивме невиноста во хотел... Во Лос Анџелес. Мислам дека ѝ беше роденден, можеби нејзиниот 13-ти роденден (28.09.2000), но не се сеќавам. Нејзините пријатели влегоа во собата и ние само почнавме да им викаме да излезат“ – стои во извадокот од мемоарите објавени во дел од медиумите.
Арон и Хилари беа во врска во периодот од 2000-та до 2003-та година, а мемоарите насловени An Incomplete Story of an Incomplete Life, според најавите, ќе бидат достапни за пошироката јавност на 15-ти ноември без одложување заради ненадејната смрт на Арон.
Актерката Хилари Даф се огласи по повод книгата во која се откриваат повеќе скандалозни тврдења за нивната врска, па рече дека тоа е обид за бездушна заработка.
„Навистина е тажно тоа што само една недела по смртта на Арон, има издавачка куќа што безмилосно сака да ја продаде книгата за да заработи врз основа на трагедијата без да се грижи за тоа дали треба да ја провери точноста на информациите во книгата.
Згрозувачки е тоа што неговата животна приказна ја сведуваат на непроверена сторија наменета само за зголемен број на кликови и немам намера да зборувам за нешто што очигледно е неинформиран, бездушен обид за заработка“ – рече таа.
Издавачите на книгата велат дека ја исполнуваат желбата на Арон оваа книга да ја види светлината на денот и да ја споделат во целост неговата приказна која останала недовршена, а во која тој говори за можноста да го запознае Мајкл Џексон, за врските со Хилари Даф и Линдзи Лохан и за предизвиците со кои се соочувал како дете – ѕвезда која од 9 години порасна под светлината на рефлекторите.
Прочитајте и Ник Картер од Backstreet Boys не можеше да ги скрие солзите по смртта на брат му: „Зависностите и менталната болест го уништија“ (видео)
Б. С. Б. | Црнобело