Меган Фокс во тоалета без долна облека, заедно со Машин Ган Кели, по шпекулациите дека раскинале во тајност (фото)
- Детали
- среда, 26 октомври 2022
Во минатото ги критикуваа дека се залепени еден за друг, а сега има шпекулации дека се разделиле во тајност. Меган Фокс и Машин Ган Кели се појавија заедно на црвен тепих, но недостасуваше некогашната јавна размена на нежности. Меган испровоцира со тоалетата со висок шлиц, очигледно без долна облека, a Maшин Ган со корсет.
Меган Фокс (36) се појави на црвениот тепих на Time100 Next Gala заедно со нејзиниот свршеник Машн Ган Кели (32), а според многумина, благодарение на новиот изглед со црвена коса и во златната тоалета со длабок шлиц, актерката премногу потсетуваше на ликот од цртаните филмови Џесика Рабит.
Длабокиот шлиц и смелото деколте на тоалетата оставија многу малку на имагинацијата, па многумина се прашуваа дали таа носи долна облека.
Нејзиниот свршеник Машин Ган Кели, пак, повторно остави впечаток со ексцентричниот изглед.
Тој се појави во црни пантолони и болеро од скај, а на себе носеше проѕирен корсет под кој се гледаа сите негови тетоважи.
За разлика од другите настани, овојпат недостасува јавната размена на нежности на која сме навикнати кога станува збор за овој славен пар.
Инаку, пред неколку денa, фановите на актерката и на музичарот почнаа да шпекулираат дека парот најверојатно се разделил, затоа што сѐ поретко објавуваат заеднички фотографии и видеа, а речиси нема ниту трага од некогашната страст што ја покажуваа на секое појавување.
https://www.instagram.com/p/Cj57SkrPN3a/?utm_source=ig_web_copy_link
Погледнете повеќе фотографии од настанот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело