„Срамота, стара си за тоа“ – Мадона лансира бизарни ланчиња со вибратори, а се најде на удар на критики
- Детали
- вторник, 25 октомври 2022
„Женава буквално е баба, а дели неморални совети“, „Што ќе ѝ е вибратор на тие години?“ – Мадона (64) се најде на удар на критики откако лансираше бизарна линија ланчиња со вибратори и им порача на сите да ги изразуваат слободно сопствените потреби и да не се ограничуваат.
Поп кралицата Мадона (64) по големиот број критики што ги добива за изгледот, деновиве повторно е топ тема во медиумите откако лансира нова линија ланчиња со вибратори.
Таа објави фотографии со ланчињата на Инстаграм до кои напиша: „Изразете се слободно, не се потиснувајте!“.
До нејзиното видео, Мадона напиша дека „ако може да носи нешто до крајот на животот - тоа ќе биде нејзиното ланче со вибратор“.
Инаку, лансирањето на бизарните ланчиња е во периодот кога Мадона ја слави 20-годишнината од излегувањето на нејзината скандалозна книга Sex od 1992-ра година што воедно го отвори патот за повеќе музички ѕвезди по неа отворено да говорат за сексот.
Таа објави видео со обожавателка на ТикТок, каде го стави во уста новото ланче.
NOT THE VIBRATOR NECKLACE 💀Madonna is so silly on this TikTok Live with Terri Jo & I love it 🤣🤣 pic.twitter.com/9qf8CVwInz
-->— 𝐌 (@QueenofPopMUSlC) October 13, 2022
Сепак, се чини дека твитерџиите немаат премногу позитивни коментари за новиот накит со потписот на поп-кралицата, па според нив веќе ништо не може да нѐ изненади од неа.
„На нејзина возраст, што ќе ѝ е?“, „Ми се чини дека некој бара внимание“, „Во име на сѐ што е свето... Откажи се веќе еднаш. Никого не шокираш повеќе“, „Веќе 40 години промовира стандарди за нарушување на пристојното“, „Таа буквално е нечија баба... Ете во каков свет живееме... Каде повозрасните нѐ учат дека треба да се препуштиме на телесните потреби“, „Ќе направи сѐ за да остане славна“ – стои во дел од коментарите на Твитер.
Инаку, во последниот период Мадона сѐ почесто наидува на критики затоа што користи премногу филтри и ефекти на социјалните мрежи со цел да ги скрие годините, а неодамна беше хит на социјалните мрежи откако беше снимена како панично ги крие рацете во џебовите.
Прочитајте и Хит видео: Мадона го крие лицето со огромна качулка, а рацете со набрана кожа нервозно ги пика во џебовите
Б. С. Б. | Црнобело