Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ги обновија брачните завети во тајност – како го спасија бракот по гласините за неверство?

По гласините за неверство кои го разнишаа нивниот брак, Џастин Тимберлејк и Џесика Бил успеаја да ги решат проблемите, а летово, по повод 10-тата годишнина од свадбата, во тајност ги обновија нивните брачни завети, и тоа на истото место каде што се венчаа.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-01.jpg

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се венчаа во 2012 година во Италија, а годинава ја прославија 10-тата годишнина од свадбата.

По тој повод, актерката и пејачот открија дека летово ги обновиле нивните брачни завети.

Вчера, 20-ти октомври, Џесика сподели неколку фотки со сопругот, а на една од нив таа носи венчаница, а Џастин – костум.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-05.jpg

Потоа, со објава на Инстаграм Стори, актерката појасни дека фотографијата е направена летово, кога во тајност ги обновиле нивните брачни завети.

Церемонијата се одржала во Италија, а венчаницата што ја носи Џесика била направена од истиот дизајнер што ѝ ја направи венчаницата за свадбата во 2012-та.

„Бракот со тебе е животна авантура. Те сакам“, пишува под објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Biel (@jessicabiel)

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-08.jpg

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-04.jpg

И Џастин Тимберлејк сподели неколку фотки со актерката. Повеќето се од нивното секојдневие и двајцата се во лежерно издание.

„10 години не се доволно! Секој ден ме правиш подобар сопруг и татко! Те сакам многу!“, напишал пејачот.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-06.jpg

Џастин и Џесика имаат два сина – 7-годишниот Силас и 2-годишниот Финеас.

Во 10-те години што се заедно, парот се соочи со многу предизвици, вклучувајќи и гласини за неверство.

Можеби најголем скандал во нивниот брак беше кога Џастин беше фотографиран како се држи за рака со колешка.

Пејачот веднаш јавно ѝ се извини на актерката и, очигледно, веќе го надминале овој проблем.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo11.jpg

Но, според изворите, инцидентот го разнишал нивниот брак.

Набрзо потоа почна пандемијата, а наводно изолирањето во нивниот дом им помогнало да се зближат и, практично да го спасат бракот. 

„Нивниот однос беше влошен, но карантинот беше како благослов – ги зближи. Заедно се изолираа на нивниот ранч во Монтана, уживаа во прошетките во шумата, ловеа риба и правеа други едноставни работи.

Сфатија дека се движат во погрешна насока бидејќи Џесика беше воркахолик, а Џастин не беше најдобриот сопруг. Но, сега си ветија дека никогаш повеќе нема да дозволат нештата да се влошат до тој степен“, изјави близок извор до парот.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-09.jpg

Минатата година Џастин беше на мета на критики од јавноста и поради неговото однесување во минатото. Најпрво поради третманот на Бритни Спирс во период кога беа пар, а потоа поради инцидентот на Super Bowl со Џенет Џексон.

Во 2021-ва, пејачот конечно јавно им се извини на двете жени.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo12.jpg

Се чини дека Џастин и Џесика успеваат да ги надминат сите проблеми, па и покрај малите скандали, нивниот брак е за пример.

Во мај годинава, актерката откри која е тајната за нивниот стабилен брак:

„За ова е заслужен Џастин бидејќи постојано ми вели: 'Можеби сме во брак, но мора да продолжиме да одиме на состаноци‘. И ова е многу вистинито.

Секогаш наоѓаме време еден за друг и ние сме си приоритет. И, заедно ги правиме работите што ги сакаме. Како што сите знаеме, не е секогаш лесно, но овие моменти ги прават тешките мигови поиздржливи“.

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-02.jpg

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-03.jpg

dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-gi-obnovija-brachnite-zaveti-vo-tajnost-kako-go-spasija-brakot-po-glasinite-za-neverstvo-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg