Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Кетрин Зита-Џонс и уште 7 познати личности кои беа во ментална установа

Кетрин Зита-Џонс има биполарно нарушување, а состојбата значително ѝ се влошила во 2011-та поради сопругот Мајкл Даглас кој имаше рак на грлото. Па, тој период реши да оди во ментална установа.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-01.jpg

Во јавноста преовладува мислењето дека менталните установи се нешто лошо и само за луѓе за кои нема спас.

Но, ова не е точно – голем број луѓе своеволно одат во ментални установи кога ќе сфатат дека им треба повеќе помош за да се справат со проблемите со менталното здравје.

Во овие институции одат и лица кои имаат проблеми како алкохолизам и зависност, со цел полесно да се откажат од пороците и да си го подобрат животот.

Многу од пациентите во вакви институции се успешно излекувани и потоа можат да си продолжат со животот.

Ни славните не се имуни на проблеми со менталното здравје, а голем дел од нив отворено зборуваат за нивното искуство со цел да ја зголемат свеста на јавноста и да ја тргнат стигмата.

Неколку познати личности кои имаат престојувано во ментални установи:

Шинед Оконор

Во 2017 година, ирската пејачка исчезна во Чикаго и никој, ни нејзиното семејство не знаеше каде е.

Околу два месеци подоцна, таа сподели видео на Фејсбук со кое ги загрижи фановите – пејачката зборуваше за нејзините суицидни мисли.

Вo видеото таа откри дека била во мотел во Њу Џерси, па речиси веднаш потоа беше хоспитализирана.

По завршувањето на престојот, пејачката откри дека менталното здравје драстично ѝ се влошило откако ѝ била направена хистеректомија.

За жал, животот не стана подобар за пејачката – во јануари годинава нејзиниот син си го одзеде животот, а ова дополнително ѝ ја влоши состојбата.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-02.jpg

Кери Фишер

Пред нејзината смрт во 2017 година, Кери Фишер отворено зборуваше за битката со зависноста од дрога, како и проблемите со менталното здравје.

Ѕвездата од Star Wars имаше биполарно нарушување кое ѝ беше дијагностицирано во 1985 година.

Таа беше во институција неколкупати во текот на животот, а отворено зборуваше за искуството за да ја тргне стигмата за нарушувањето.

„Имам хемиска нерамнотежа која, во најекстремна ситуација, ќе ме однесе во ментална институција. Мислев дека сум само зависник од дрога – некој кој може да престане да користи наркотици кога сака. И, бев тоа, но излезе дека имам и манична депресија“, изјави Кери во интервју во 2000 година.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-03.jpg

Деми Ловато

И Деми Ловато отворено зборува за проблемите со менталното здравје сакајќи да ја тргне стигмата од нив.

Во 2010-та, кога имаше само 18 години, Деми го допре дното, по што замина на рехабилитација во установа.

Овде доби дијагноза за булимија и биполарно нарушување.

Пејачката имаше проблеми со наркотици уште извесен период, но од 2012 година вели дека е трезна.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-04.jpg

Винона Рајдер

Во 1990 година, Винона Рајдер се откажа од улогата во The Godfather III за да оди во ментална институција поради сериозната анксиозност.

Актерката има изјавено дека била преплашена тој период.

„Ми беше страв дека ќе направам нешто глупаво… Ме ставија во психијатриски оддел. Целото искуство беше многу страшно, многу реално“.

Подоцна во 1999 година, актерката глумеше лик во ментална установа во филмот Girl Interrupted. Улогата била особено стресна за неа.

„Бев преплашена да глумам лик кој има анксиозност бидејќи знаев дека јас имам анксиозност. Ова нарушување не е минато за мене. Ова е нешто со коешто се борите целиот живот“.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg