Од келнерка во стриптиз клуб, со помош на Том Круз стана славна актерка – Факти за Рене Зелвегер
-->
Нејзината најпозната улога во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ исто така беше поврзана со низа контроверзии. Имено, за улогата беа повикани повеќе звучни имиња меѓу кои и Рејчел Вајз, но другите актерки биле исфрлени затоа што биле „премногу убави“.
За да ја толкува улогата на Бриџит Џонс, Рене морала да се здебели 20 килограми, па по завршувањето на филмот велеше дека на мажите им се допаѓа тоа што е „полничка“. Како и да е, како и голем број други жени и таа имаше несигурности за сопственото тело па нагло ослабе, а многумина шпекулираа дека имала нарушување во исхраната.
„Кога ќе прочитате дека се изгладнувате или дека сте анорексични тоа навистина не е фер и ве демотивира. Не е пријатно да читате текстови во кои ве осудуваат дека сте претерале. Јас водам здрав животен стил и останувам психички здрава така што одам во теретана“ – одговори Рене.
-->
Во 2001-ва година ја доби наградата Златен Глобус за најдобра актерка во филмот Nurse Betty. Интересен факт е тоа што, во моментот кога ја викнаа да си ја земе наградата Рене беше во тоалетот. Каква среќа?
Во 2011-та година Рене беше во врска со уште еден познат холивудски актер, Бредли Купер. Тие беа заедно неколку години, а заедно доживеаја и една трагедија. Една вечер додека гледале филм во куќата на Бредли избувнал пожар. За среќа двајцата актери успеале да се спасат без повреди, но актерката вели дека тоа било мошне трауматично искуство за неа.
Имаше повеќе шпекулации поврзани околу нивната разделба, меѓу кои и дека актерот ја изневерувал Рене, но на крај се смета дека Бредли одлучил да стави крај на врската затоа што сакал посериозно да се посвети на кариерата.
Во периодот од 2010-та до 2016-та година Рене одлучи да направи пауза од Холивуд. Рече дека се чувствува исцрпено, дека повеќе не сака да глуми и дека веќе почнала да го мрази звукот на сопствениот глас.
-->
-->
По враќањето на сцената многумина коментираа дека Рене била на пластични операции и дека целосно си го променила личниот опис. Таа пак, вели дека промените се одраз на стареењето.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со...
Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат...
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ
Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
-->