Од келнерка во стриптиз клуб, со помош на Том Круз стана славна актерка – Факти за Рене Зелвегер
- Детали
- сабота, 22 октомври 2022
Џим Кери беше лудо вљубен во неа и тие двајца беа свршени една година, Том Круз ѝ помогна да стане славна, а го поништи неколкумесечниот брак со сопругот за кого тврдеа дека е хомосексуалец – факти за Рене Зелвегер.
Речиси сите ја помнат по улогата во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ и важи за една од актерките со блескава кариера, но на приватен план нејзиниот живот беше исполнет со скандали и падови. Што знаеме за Рене Зелвегер (53)?
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за неа:
Иако сме навикнати да ја гледаме како една од „понеубавите девојки“ Рене во средно училиште била навивачка и капитен на женскиот рагби тим.
Верувале или не, таа била прогласена за „кралица на матурата“, па според момчињата дури била прогласена и за „девојка од соништата“.
Пред да се пробие во Холивуд и да стекне успешна филмска кариера, Рене работела како келнерка во стриптиз клубот Sugar во Остин, Тексас. Сама призна дека во еден момент менаџерите ѝ предложиле да почне да работи како танчарка, но таа ги одбила.
Во 1996-та година животот целосно ѝ се промени откако се појави на аудицијата за филмот Jerry Maguire каде ќе ја одигра улогата на Дороти Бојд заедно со Том Круз.
Актерот кој во тоа време веќе беше славен одлучил самиот да ја избере Рене за улогата на неговата девојка во филмот и подоцна ќе каже дека „таа е актерката што му дала живот на филмот“.
Во 1999-та година Рене се запознава со актерот Џим Кери за време на снимањето на филмот Me, Myself and Irene. Сите велат дека Џим бил лудо вљубен неа, па тие двајцата беа во врска една година, а актерот дури и ѝ дал веренички прстен вреден 200.000 долари. Но, во 2000-та година тие одлучија да раскинат.
Во 2005-та година Рене ќе стапи во брак со кантри музичарот Кени Чесни. Целата церемонија траеше 15-тина минути, а по неколку месеци таа побара поништување на бракот и тврдеше дека е жртва на „измама“.
Многумина шпекулираа дека Рене барала бракот да биде поништен затоа што нејзиниот сопруг е хомосексуалец, за потоа парот да појасни дека имале целосно „спротивставени ставови за тоа која е целта на нивниот брак“.