Дру Баримор: „Не сум имала секс од 2016-та година – сакам да бидам позитивен пример за ќерките“

„Немам време за врски, немам потреба од секс“ – вели актерката Дру Баримор и признава дека по разводот во 2016-та година, во последните 6 години не била во интимна врска со никого. Како што појаснува, главна цел ѝ е да им даде позитивен пример на ќерките, но и на сите млади девојки.

dru-barimor-ne-sum-imala-seks-od-2016-ta-godina-sakam-da-bidam-pozitiven-primer-za-kjerkite-01.jpg

Познатата актерка Дру Баримор вели дека по разводот со нејзиниот поранешен сопруг во 2016-та година таа не „била во можност да биде во интимна врска со никого.“

„Имав чест и задоволство да работам на себеси и да научам што значи да бидеш родител, а тоа е нешто што не ми било јасно додека растев и се соочив со голем број предизвици. Бев уплашена. Се чувствував како победник. Се бараше од мене да се едуцирам на секој можен начин“ – вели Дру.

dru-barimor-ne-sum-imala-seks-od-2016-ta-godina-sakam-da-bidam-pozitiven-primer-za-kjerkite-02.jpg

Актерката вели дека разводот со Копелмен ја направил повнимателна во приватниот живот и денес се труди двете нејзини ќерки Олив (10) и Френки (8) да пораснат во „силни жени што се сакаат себеси“.

„Во моментов сум во целосно поинакво место во животот и можеби во блиска иднина би влегла во врска... Но, тоа не ми е приоритет. Немам потреба од секс и немам потреба за такви односи со луѓето. Целосно сум посветена на тоа да покажам како младите девојки, моите ќерки и јас како жена треба да функционираат во овој свет“ – вели таа.

dru-barimor-ne-sum-imala-seks-od-2016-ta-godina-sakam-da-bidam-pozitiven-primer-za-kjerkite-08.jpg

Таа за крај вели дека не го мрази сексот како чин, но дошла до заклучок дека љубовта и сексот не се иста работа.

dru-barimor-ne-sum-imala-seks-od-2016-ta-godina-sakam-da-bidam-pozitiven-primer-za-kjerkite-03.jpg

Кога станува збор за тоа каков пример упатува кон младите девојки, актерката имаше уште едно признание деновиве и рече дека никогаш не планира да направи естетски корекции затоа што сака да остари природно.

„Не сакам да се борам со природата. Мајка сум на две девојчиња, а ние пораснавме во индустрија каде беше пожелно да пиеш од фонтаната на младоста и јас никогаш не се претплатив за тоа. Мислам дека мажите само треба да им дозволат на жените да сфатат дека е безбедно да остариш и дека е прекрасно“ – вели Дру.

dru-barimor-ne-sum-imala-seks-od-2016-ta-godina-sakam-da-bidam-pozitiven-primer-za-kjerkite-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg