Не ги трга рацете од неа, ја сака и со облини - зошто бракот на Пирс Броснан (69) е најстабилниот во Холивуд и по 28 години?

„Ја сакам секоја облина од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи“, вели Пирс Броснан за сопругата Кели, од која не ги тргаше рацете и погледот на премиерата на неговиот нов филм, а во еден момент љубовно ја бакна. 

ne-gi-trga-racete-od-nea-ja-saka-i-so-oblini-zoshto-brakot-na-pirs-brosnan-69-e-najstabilniot-vo-holivud-i-po-28-godini-01.jpg

Пирс Броснан и сопругата Кели Шај Смит се заедно околу 28 години, а одново и одново докажуваат дека нивниот брак е можеби најстабилниот во Холивуд.

Неодамна, 69-годишниот актер и 59-годишната новинарка се појавија на премиерата на филмот Black Adam, во кој Броснан има една од споредните улоги.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-09.jpg

Додека позираа за фотографите на црвениот тепих, актерот буквално не ги тргаше рацете од саканата.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-13.jpg

Кели носеше црн светкав фустан во комбинација со црно сако, додека актерот одбрал црни панталони, бела кошула и кадифено темносино сако.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-08.jpg

Додека позираа, актерот ја прегрнуваше Кели, ја фати за рака и на крај се сврте кон неа за да ја бакне.

Додека траеше позирањето, Кели не ја тргна насмевката од нејзиното лице.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-07.jpg

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-12.jpg

Потоа Броснан позираше и со другите актери од филмот, вклучувајќи го и Двејн Џонсон кој ја има главната улога.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-11.jpg

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-10.jpg

Уште откако стана светски познат благодарение на филмовите за Џејмс Бонд, Пирс Броснан важи за еден од најпосакуваните познати мажи.

Но, за разлика од повеќето негови колеги, актерот бил во брак само двапати. И тоа, првиот брак не заврши со развод, туку, за жал, неговата прва сопруга почина.

Броснан и првата сопруга Касандра Харис се венчаа во 1980 година и беа заедно сè до нејзината смрт во 1991-ва. Заедно тие го добија синот Шон.

Касандра имаше две деца од претходен брак – ќерката Шарлот и синот Крис – кои актерот без двоумење ги посвои.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-15.jpg

Во 1994 година актерот ја запозна сегашната сопруга Кели додека бил на патување во Мексико.

Во неодамнешно интервју, Кели откри дека не останала рамнодушна кога првпат го видела актерот, а чувствата биле обострани.

Тие биле на голема забава, а налетале еден на друг сосема случајно.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-02.jpg

Само три дена подоцна отишле на првиот состанок, а Кели открива дека им било толку забавно, што останале будни до три часот наутро и само разговарале.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-03.jpg

Пирс Броснан има изјавено дека на почетокот не можеле да поднесат да бидат одвоени.

„Каде и да одев, многу ми недостасуваше, па секогаш ѝ испраќав авионски билети за да може да биде со мене. Едноставно, си одговаравме“.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-05.jpg

Актерот вели и дека Кели се појавила во неговиот живот во вистинскиот миг. Тој бил под многу стрес и постојано работел, но саканата му помогнала да се стабилизира.

Броснан истакнува и дека Кели го охрабрувала да ги споделува емоциите за првата сопруга, за полесно да се справи со нејзината смрт.

Во 1997 година тие го добија првиот син – Дилан, а во 2001-ва стапија во брак. Истата година, тие го добија вториот син – Парис.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-14.jpg

Иако можеби нам ни се чини дека љубовната приказна на Пирс Броснан и Кели е совршена, јавноста сепак најде за што „да се фати“.

Имено, многумина негодуваа за изгледот на Кели, односно зошто холивудскиот заводник би сакал да биде со жена која не изгледа како супермодел.

Овие злобни коментари почнаа откако Кели го роди второто дете и, како секоја жена, качи некој килограм во бременоста. 

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-06.jpg

Очекувано, актерот ја одбрани саканата и еднаш засекогаш ги замолчи критичарите.

„Некои пријатели ѝ предложија да направи операција која ќе ѝ ја намали тежината. Но, јас сум вљубен во секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи“, изјави тој истакнувајќи дека Кели ги родила нивните деца и нормално е нејзиното тело да претрпи промени.

po-28-godini-zaedno-pirs-brosnan-69-ne-mozhe-da-gi-trgne-racete-od-soprugata-59-zoshto-nivniot-brak-e-najstabilniot-vo-holivud-foto-16.jpg

„Во минатото, се вљубив во неа поради нејзиниот карактер, не само поради нејзината убавина. Сега ја сакам уште повеќе бидејќи таа е мајка на моите деца и јас сум многу горд на неа. Секогаш барам начин да докажам дека сум достоен за нејзината љубов“.

На следната страница повеќе фотки од парот кои докажуваат дека сите сонуваме за љубов како нивната…



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg