Заради неа се откажал од семејството, вели дека таа му е најголема поддршка – Која е Србинката што го освои Кристијан Бејл?
- Детали
- недела, 09 октомври 2022
Ја запознал во 1994-та година, во 2000-та во тајност се оженил за неа, а во 2008-ма година се откажал од сопственото семејството кои ја навредувале и не ја прифаќале – Факти за љубовната приказна на холивудскиот актер Кристијан Бејл и Србинката Сандра Сиби Блажиќ.
Кога ќе се спомне името на актерот Кристијан Бејл (48), кои се првите филмови што ви паѓаат на ум?
Batman, The Machinist, American Psycho се само некои од филмовите каде тој маестрално ја одигра главната улога, а малкумина знаат дека најголема поддршка во кариерата му е сопругата Сандра Сиби Блажиќ (52) со која тој е во брак 22 години.
Во 2008-ма година, само неколку дена по објавувањето на филмот Batman: The Dark Knight чија премиера беше засенета по трагичната смрт на Хит Леџер, Кристијан Бејл кој ја толкуваше главната улога на милијардерот Брус Вејн заврши во затвор.
Според британските медиуми, Кристијан Бејл заврши во затвор откако неговата мајка и сестра го пријавиле за напад и насилство во хотелот Дорчестер во Лондон.
Според медиумите, Кристијан тогаш рече дека не ги нападнал мајка му и сестра му и рече дека станува збор за приватна работа.
Шпекулациите во тој период беа дека актерот всушност се скарал со мајка му и со сестра му затоа што тие не ја прифаќале и ја навредувале неговата сопруга Сандра Сиби Блажиќ – Србинката која е родена во Чикаго, а со која тој бил веќе 8 години во брак.
Наводно, по таа расправија во 2008-ма година, Кристијан до ден-денес не разговара со мајка му и со сестра му, а иако се чинеше дека инцидентот може да му ја растури кариерата, недостатокот на релевантни докази направи сето тоа брзо да се заборави.
Во продолжение да погледнеме повеќе интересни факти за актерот и неговата сопруга, што најверојатно не сте ги знаеле:
Кристијан самиот вели дека заради траумите во сопственото семејство никогаш не планирал да се ожени, а тоа се променило кога ја запознал Сандра.
„Сите во моето семејство се разведени и немав многу здрава визија за бракот. Потоа ја запознав Сиби и одеднаш бракот почна да ми изгледа како фантастична идеја“ – рече тој во 2012-та година.