Заради неа се откажал од семејството, вели дека таа му е најголема поддршка – Која е Србинката што го освои Кристијан Бејл?
Во 2000-та година Кристијан и Сандра одлучиле да се венчаат во тајност во Вегас, а заедно ќе ги добијат ќерката Емалин (17) и синот Џозеф (8).
Во 2011-та година Кристијан ја доби наградата за најдобра споредна машка улога за филмот The Fighter според Critics’ Choice Movie Award, а откако ја презема наградата призна дека неговиот успех во голема мера се должи на поддршката што ја добива од сопругата:
„Снимањето филмови одзема премногу време. Не е само времето додека снимаш. Карактерот се раѓа многу порано од првиот ден на снимање и мојата сопруга мораше да биде во брак со голем број карактери. Знам дека ништо од ова немаше да биде успешно без неа“ – рече тој.
Освен што работела како асистентка, Сиби работела и како модел, а во 2012-та година дури работела и како каскадер во филмот The Dark Knight Rises.
„Жена ми е каскадер возач, таа ме бркаше со автомобилот додека го снимавме Бетмен. Таа возеше еден од полициските автомобили. Знае да врти цели кругови, да прави трикови и сѐ друго. Понекогаш ме заплашува“ – откри во 2014-та година тој.
Освен што снима заедно со него, Сандра и семејството честопати го посетуваат актерот додека снима филмови, а тој призна дека моментите што ги поминува со семејството само го прават подобар во тоа што го работи.
Во 2017-та година Кристијан рече дека неговата сопруга сака да си ја сочува приватноста и дека имаат мошне исполнет приватен живот.
„Таа веројатно е најсилната жена што некогаш сум ја запознал. Ете ме расплакавте! Имам меко срце! Не верувам дека сум мек, ама ете кога зборувам за тоа , станувам таков“ – рече тој за неа.
Б. С. Б. | Црнобело