Бред Пит ги давел и удирал децата, се криеле под ќебиња од него - Анџелина Џоли со нови обвинувања за бившиот, 6 години по разделбата

Откако Анџелина Џоли анонимно го тужеше ФБИ бидејќи не била започната истрага против Бред Пит, сега го тужи и самиот актер, откривајќи нови детали за авионскиот лет што беше пресуден за нивниот развод – актерот му удрил шлаканица на едното дете, почнал да го дави другото, по што децата се исплашиле и за време на целиот лет се криеле под ќебиња.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-01.jpg

Поминаа шест години откако Бред Пит и Анџелина Џоли одлучија да се разделат, но драмата во нивниот развод не стивнува.

Актерите одново и одново излегуваат со нови обвинувања еден против друг и досега имаат потрошено милиони „влечејќи“ се по судови и адвокати.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-11.jpg

Покрај бројните проблеми што ги имале во бракот, инцидентот кој пресудил Џоли да стави крај на бракот се случи во 2016 година, во приватен авион.

Според изјавите на Џоли и нејзините адвокати, Бред Пит ги нападнал и истрауматизирал нивните деца во авионот и оттогаш целосно го заладил односот со најстариот син Медокс.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-07.jpg

Неколку денови откако Анџелина поднесе барање за развод, таа и актерот почнаа битка за винаријата што ја купиле заедно и извесен период тоа беше најголемиот спор. 

Додека го решаваа спорот за винаријата, актерката поднесе и тужба против актерот за инцидентот во приватниот авион, по што било утврдено дека тој не е виновен. 

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-02.jpg

Потоа актерката анонимно го тужеше и ФБИ бидејќи не започнале истрага за инцидентот.

Според анонимната тужба на Џоли од ова лето, Бред Пит ѝ истурил пиво врз главата и ја нападнал физички, по што таа останала со модринки на рацете.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-04.jpg

Сега актерката го тужи актерот, овојпат без да го крие идентитетот, а нејзините адвокати тврдат дека актерот физички ги нападнал и нивните деца, па дури и почнал да дави едно од нив.

„За време на долгиот лет, Пит физички и емоционално ги малтретираше Џоли и нивните деца кои тогаш беа на возраст од 8 до 15 години. По тој лет, за доброто на нејзиното семејство, Џоли одлучи да поднесе барање за развод“.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-13.jpg

Наводно, актерот прво се скарал со едно од децата, а кога Џоли го прашала што е проблемот, тој почнал да ја напаѓа вербално.

„Тој ја однесе во тоалетот ти почна да ѝ вика. Пит ја фати Џоли за главата, почна да ја тресе, ја фати за рамената и ја бутна кон ѕидот на тоалетот.

Потоа Пит неколкупати удри во таванот, викајќи ѝ на Џоли да излезе од тоалетот“.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-12.jpg

Според актерката, едно од децата пробало да ја одбрани, по што Бред Пит сакал да го нападне. Џоли пробала да го сопре, а тогаш актерот повторно ја бутнал и ѝ ги повредил грбот и лактот.

„Децата тргнаа кон нив и храбро пробаа да се заштитат едни со други. Пред сè да заврши, Пит почна да го дави едното од децата, а на друго му удри шлаканица на лицето.

Некои од децата го молеа Пит да престане. Сите беа исплашени. Многу од нив плачеа“.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-09.jpg

Адвокатите на Џоли тврдат дека таа и децата биле толку исплашени, што до крајот на летот седеле скриени под ќебиња.

„Никој не се осмелуваше да отиде до тоалетот. Пит одвреме-навреме доаѓаше за да им вика и да ги пцуе. Во еден миг, истури пиво врз Џоли, истури и пиво и црвено вино врз децата.

По неколку напнати часови, Пит конечно заспа“.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-08.jpg

Штом слетале, Анџелина Џоли му рекла на актерот дека таа и децата ќе одат во хотел, но нему не му се допаднала идејата.

„Викаше дека никој нема да слезе од авионот и не му дозволуваше на семејството да го напушти авионот околу 20 минути.

Кога едно од децата побара да си заминат, Пит конечно попушти. Но, штом излегоа од авионот, Пит повторно физички нападна едно од децата.

Исто така, ја фати Џоли за главата и рамената, по што едно од децата почна да го моли да не ја повреди. Тој ја пушти Џоли и ја нарече ’ку*ка‘, а потоа ги опцу сите“.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-05.jpg

Ова е контратужба на Џоли откако Бред Пит ја тужеше за винаријата во Франција. Имено, веднаш откако се разделија, актерката го продала нејзиниот дел од винаријата без да се консултира со актерот и со ова го прекршила нивниот договор.

bred-pit-gi-davel-i-udral-decata-se-kriele-pod-kjebinja-od-nego-andzhelina-dzholi-so-novi-obvinuvanja-za-bivshiot-6-godini-po-razdelbata-06.jpg

Актерот се нема огласено за целата ситуација, но од Daily Mail стапиле во контакт со извори близок до него.

„Таа одново и одново го менува и го измислува описот на настан што се случи пред шест години, додавајќи целосно лажни информации секојпат кога нема да го добие тоа што го сака. Нејзината приказна постојано се менува.

Таа имаше можност да ги сподели овие детали за време на долгата битка за старателството, која резултира со заедничко старателство откако Пит беше детално испитан од доктори, терапевти и други експерти.

Таа и нејзиниот тим секој месец се навраќаат на истото нешто со нови и лажни информации“.

Погледнете и: Бред Пит истурил пиво врз главата на Џоли, таа имала повреди – нови детали за инцидентот во авионот што доведе до разводот на актерите

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg