Бред Пит истурил пиво врз главата на Џоли, таа имала повреди – нови детали за инцидентот во авионот што доведе до разводот на актерите
- Детали
- среда, 17 август 2022
Според извештај на ФБИ за инцидентот од 2016 година кој дури сега стана достапен за јавност, Бред Пит истурил пиво врз главата на Анџелина кога таа сакала да спие, а актерката се стекнала и со повреди од пресметката со актерот. Сега Џоли го тужи и ФБИ бидејќи актерот помина без казна.
Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит е еден од најбурните во Холивуд и иако актерите се разделија уште во 2016 година, до денес „се влечат“ по судови.
Од битка за старателство на децата, па сè до поделба на имот, Пит и Џоли неколку години никако не можат да се спогодат.
Инцидентот што ја натера Џоли да поднесе барање за развод им е добро познат на сите, но дури сега беа споделени нови детали со јавноста.
Во септември 2016 година, актерите и нивните деца летаа со нивниот приватен авион, кога наводно Бред Пит, под дејство на алкохол, физички го нападнал најстариот син Медокс.
Со барањето за развод, Џоли поднесе и тужба против актерот за семејно насилство. Извесен период актерот беше под истрага, но на крај го ослободија од сите обвиненија.
Бидејќи била незадоволна од пресудата, извори блиски до Бред Пит тврдат дека Анџелина Џоли поднела тужба и против ФБИ.
Тужбата е анонимна, но најверојатно станува збор за Џоли бидејќи се однесува на инцидентот во авионот од 2016 година.
Според изворите на PageSix, актерката очајно бара начин да го оштети Бред и сега побарала да ѝ бидат доставени документите од истрагата за да дознае зошто актерот не добил никаква казна за инцидентот во авионот.
Од PageSix пренесуваат дека дел од извештајот за истрагата сега е достапен за јавност и откриваат нови детали за инцидентот.
Според извештајот, Џоли им кажала на надлежните лица дека мислела дека Бред е луд кога се качиле во авионот.
Во изјавата, Џоли вели дека Бред бил пијан, а штом се качиле во авионот, тој ја однел во тоалетот, ја фатил за главата и почнал да ја тресе. Тогаш почнале да се расправаат за едно од нивните деца.
Актерката тврди дека Бред неколкупати удрил по покривот на авионот и ѝ рекол дека го уништува семејството.
Тогаш децата се исплашиле и ја прашале Џоли дали е во ред, по што Бред изјавил:
„Не, не е во ред. Таа го уништува ова семејство, таа е луда“.
Веднаш потоа едно од децата (не е познато кое) извикало дека Бред го уништува семејството, а на Анџелина. Тогаш актерот тргнал кон детето, наводно со намера да го удри, но Џоли пробала да го запре и се здобила со повреди на грбот, лактот и рацете.
Со тужбата, актерката доставила и фотографии од повредите.
Исто така, актерката тврди дека Бред ѝ истурил пиво врз главата додека пробувала да спие.
Пред да слета авионот, Џоли му рекла на актерот дека ќе оди со децата во хотел, по што актерот ја бутнал и ѝ рекол дека не може да му ги земе децата.
Шест дена по инцидентот, Џоли поднесе барање за развод.
Уште не е познато зошто Бред Пит не беше казнет за инцидентот, а од PageSix велат дека одлуката е поради многу фактори.
Односно, иако е точно дека актерот имаше проблеми со пиењето, инцидентот во авионот можеби не бил така како што раскажува Џоли.
Во 2017 година, Бред Пит прозборе за проблемите со алкохолизмот и откажувањето од алкохолот по инцидентот:
„Престанав да правам сè освен да пијам кога го започнав семејството… Пиев премногу. Тоа стана проблем. И многу сум среќен што оттогаш помина половина година. Морав да направам чекор назад“.
Извори блиски до актерот велат дека Џоли нема никаква причина да бара повторно да се отвора истрагата и дека ова е обид дополнително да му наштети на актерот:
„Ангелина и нејзиниот тим очајно пробуваат да најдат нешто. Сето ова се информации што таа веќе ги имаше пред пет и пол години. Нема ништо ново овде“.
Погледнете и: Бред Пит сака почесто да ги гледа децата - Анџелина Џоли не дозволува и сама ја испрати ќерката Захара на факултет
Спирова С. | Црнобело