Бред Пит сака почесто да ги гледа децата - Анџелина Џоли не дозволува и сама ја испрати ќерката Захара на факултет
- Детали
- петок, 12 август 2022
Анџелина Џоли не може да ги додржи солзите додека ја испраќа ќерката Захара на факултет. Во меѓувреме Бред Пит, кој не беше присутен на големиот ден бидејќи Џоли сака да го оддалечи од децата, изјави дека 17-годишната девојка е многу паметна и дека е горд на неа.
Анџелина Џоли ја испрати 17-годишната ќерка Захара на колеџ во Атланта.
На Инстаграм видео споделено од вработен во колеџот се гледа дека актерката е многу емотивна. Во видеото, дури и самата вели дека ќе почне да плаче и дека едвај ги додржува солзите.
https://www.instagram.com/p/ChFWBFmuZSO/
На Инстаграм објавата има и фотка од Џоли и Захара, веројатна направена во нејзината нова студентска соба.
Бидејќи по разводот Анџелина доби целосно старателство над децата, Бред Пит не беше присутен.
Тој има дозвола да ги гледа, но поради заладениот однос со Џоли, ретко му се укажува оваа можност.
Но, извори блиски до актерот велат дека периодов тој инсистира да ги гледа почесто.
Според Us Weekly, во јули актерот отишол во Италија за да може да присуствува на роденденот на близнаците Вивиен и Нокс.
Тој период Џоли и децата беа во Италија бидејќи актерката работеше на нов филм.
„Бред инсистира да ги гледа што е можно почесто, без разлика на кој крајот од светот се. Тој го цени секој миг што го добива со децата.
Сака што е родител и пробува да го извлече најдоброто од лошата ситуација со Анџелина“.
Актерот скоро никогаш не зборува за односот со Џоли, ниту за неговите деца, но на почетокот од месецов им даде комплименти на Шајло и Захара.
Во интервју за Vanity Fair, актерот прозборе за претстојните факултетски денови на Захара:
„Многу сум горд на неа. Многу е паметна. На колеџ ќе цути уште повеќе. Навистина е возбудливо и убаво што си го наоѓа својот пат и ги следи нејзините интереси.
Многу сум горд. Како лета времето, нели? Растат многу брзо. Те тера да плачеш“.
На премиерата на неговиот филм Bullet Train, актерот изјави дека Шајло е убава, но и ја пофали за танцувачките способности.
„Не знам од кого го наследила тоа. Јас имам две леви нозе!“
На прашањето дали мисли дека некое од децата ќе го следи примерот на родителите и ќе стане актер, тој изјави:
„Сакам сами да си го најдат нивниот пат, да најдат работи што ги интересираат и да се фокусираат на тоа“.
Разводот на Џоли и Пит беше еден од најбурните во Холивуд, а актерите до денес се тужат за разни работи.
По разделбата тие почнаа жестока битка за старателството, кога Џоли го обвини актерот дека бил насилен кон Медокс. Но, истрагата не покажа ништо и обвиненијата беа отфрлени.
Оттогаш актерот го залади односот со најстариот син, но не е познато дали денес ситуацијата е променета.
Моментално Џоли има целосно старателство над малолетните деца, а некои извори тврдат дека целта ѝ е да го развлекува процесот, додека сите деца да станат полнолетни.
„Џоли никогаш нема да се согласи на заедничко старателство и ќе го развлекува случајот додека децата да наполнат 18 години. Но, Бред нема да се откаже“.
И друг извор има слично мислење:
„Изгледа дека Анџелина е посветена Бред никогаш да не добие заедничко старателство. Има начини да го развлекува случајот додека децата да станат полнолетни, па Бред никогаш нема да добие заедничко старателство“.
Спирова С. | Црнобело