Поранешната свршеница на боксерот Кличко: „Додека се борев со алкохолот ми ја одзеде ќерката, не сум ја видела со месеци “
- Детали
- сабота, 01 октомври 2022
„Ќерка ми оди и ги прашува другите жени дали може да ги вика мамо“ – актерката Хејден Панетијер зборува отворено за тоа како боксерот Владимир Кличко ѝ го одземал старателството над ќерката и ја однел во Украина, каде тој важи за икона, а таа нема право на глас.
Поранешната свршеница на украинскиот боксер Владимир Кличко, Хејден Панетијер отворено говореше за тоа како се чувствува откако во целост го загубила старателството над ќерката Каја (7).
Актерката, која е позната по улогата во серијалот Heroes гостуваше во емисијата Red Table Talk, па појасни дека во изминатите години нејзината ќерка живеела во Украина и дотогаш редовно се гледале, сè додека заради избувнувањето на војната Каја не била пренесена на друга безбедна локација.
„Ми рекоа дека можам да одам во Украина и да ја видам кога сакам. Се надевам само дека еден ден кога таа ќе биде доволно возрасна за и нејзината барања да бидат слушнати, таа ќе заземе поактивен став“ – рече таа.
Во 2018-та година, Владимир Кличко доби целосно старателство над нивната ќерка Каја и Хејден посочи дека оттогаш, па наваму девојчето никогаш не дошло во Калифорнија.
Хeјден појасни дека во тој период таа била на лекување од зависност од алкохол, а воопшто не знаела дека нејзиниот поранешен свршеник ќе ја однесе ќерката во Украина.
„Додека се свестив што се случува, ќерка ми веќе беше во Украина“ – појаснува Хејден.
Хeјден вели дека моментот кога требало да потпише целосно старателство на нејзиниот поранешен свршеник бил вистински шок за неа.
„Беше многу тешко да ги потпишам тие документи, ми се скрши срцето. Сакав да работам на себеси и да бидам подобро и верував дека кога ќе бидам подобро работите ќе се променат и дека таа ќе дојде кај мене и ќе бидам со неа, но тоа не се случи“ – вели Хејден.
Актерката појаснува дека во тој период сметала дека Кличко сака да го земе девојчето за да ѝ помогне на актерката да се справи со зависностите:
„Мислев дека Каја само ќе оди да го посети како што претходно се случуваше. Но, овојпат ја однесе и ми рече: ‘Сакам целосно старателство’ и тоа беше вистински шок за мене“ – појасни таа.
Актерката појаснува дека откако Кличко добил целосно старателство над ќерката, таа неколкупати морала да се враќа повторно на рехабилитација.
„Таа веќе беше однесена во друга земја каде што чичко ѝ е градоначалник и таму важат за икони. Тоа е држава каде мажите го имаат главниот збор и не можев ништо да направам“ рече таа.
Актерката за крај појаснува дека нејзиниот поранешен свршеник е прекрасен татко и дека одлуката да го предаде старателството ја донела само затоа што ја сакала сопствената ќерка, но вели дека нејзе ѝ треба мајка.
„Каја оди наоколу и ги прашува сите жени дали смее да ги вика ‘мамо’. Тоа е повик за помош“ – вели таа.
За потсетување Хејден и Владимир беа во врска во периодот од 2009-та до 2018-та година, а актерката која подолго време имаше проблеми со зависностите вели дека никогаш не направила ништо за да ја загрози безбедноста на нејзината ќерка, но рече дека нема намера да побара да добие целосно старателство над неа.
Таа за првпат заминала на рехабилитација кога ќерка ѝ имала само 4 месеци.
Б. С. Б. | Црнобело