Вуди Ален (86) се шета со сопругата (51), која е посвоена ќерка на неговата бивша девојка (и на која ѝ беше татковска фигура)
- Детали
- среда, 28 септември 2022
Миа Фароу и Вуди Ален биле во врска од 1979 година и по 13 години дошло до разделба кога Вуди, кој тогаш имал 55 години, бил фатен како има афера со Сун Ји, која тогаш имала 21 година и била посвоена ќерка на Миа, а Вуди ѝ бил татковска фигура. Нови папарацо фотки од Париз од контроверзните Вуди и Сун Ји...
Вуди Ален (86) беше фотографиран како шета по улиците во Париз со неговата 51-годишна сопруга Сун Ји.
Режисерот во француската престолнина работи на снимањето на филмот „Wasp 22“.
Вуди и Сун Ји важат за еден од најконтроверзните парови во Холивуд затоа што Сун Ји е посвоена ќерка на неговата некогашна девојка Миа Фароу.
Миа и Вуди Ален биле заедно од 1979 година, но дошло до разделба кога Вуди, кој тогаш имал 55 години, бил фатен како има афера со Сун Ји, која тогаш имала 21 година и била посвоена ќерка на Миа, а Вуди ѝ бил татковска фигура.
Сега, Вуди и Сун Ји имаат две посвоени ќерки на возраст од 22 и 23 години.
„Не можеш да му наредиш на срцето кого да сака“, велеше режисерот Вуди Ален откако се ожени за посвоената ќерка на неговата поранешна сопруга.
Нови фотки од парот во Париз:
Прочитајте и Вуди Ален се ожени за посвоената ќерка на бившата жена – приказната за најконтроверзниот холивудски пар
Повеќе фотографии од парот:
С. С. | Црнобело