Меган Фокс го разголе деколтето по гласините дека ставила нови силикони – на вечера со Машин Ган и со ќерка му (фото)
- Детали
- вторник, 27 септември 2022
„Нови гради“, „Заради тебе имам проблеми со сопственото тело“ – коментираат дел од следбениците на Меган Фокс, по нејзините најнови фотографии на кои се гледа дека деколтето на актерката станало значително поголемо.
Меган Фокс (36) и Машин Ган Кели (32) во понеделникот беа во Милано, каде се одржа нова модна недела. Актерката се појави во тесна маица со смело деколте со што дополнително ги подгреа гласините дека ставила нови силикони.
По фотографиите од прославата на 41-иот роденден на Бијонсе (04.09), голем број од нејзините следбеници на Инстаграм коментираа за градите на Меган Фокс.
„Нови гради“, „Градите ѝ пораснале“, „Дали сум единствена што мисли дека Меган ставила силикони“, „Заради тебе имам проблеми со сопственото тело“ – се само дел од коментарите што се најдоа под фотографиите.
https://www.instagram.com/p/CiY6P9HLHHe/?utm_source=ig_web_copy_link
Сега, една недела подоцна, Меган се прошета низ Милано заедно со својот свршеник, а на фотографиите во преден план е нејзиното бујно деколте. Меган и Машин Ган Кели повторно беа модно усогласени.
Таа на себе носеше зелени тесни пантолони и зелена маица, а имиџот го надополни со карирана кошула во црвени и зелени тонови и со шапка во црвени тонови, додека Машин Ган Кели носеше темно црвен мантил.
На фотографиите направени додека парот беше на вечера во еден од попознатите ресторани во Милано, може да се види дека заедно со нив е и 13-годишната ќерка на музичарот, Кеси, која се појави во искинати фармерки и патики од брендот на Канје Вест, Yeezy.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело