Новата девојка на Џони Деп е неговата адвокатка, но не го бранеше против Амбер Херд - во брак е и има 2 деца (фото)
- Детали
- петок, 23 септември 2022
Џони Деп е во врска со негова адвокатка, но не станува збор за Камила Васкез која го бранеше во случајот против Амбер Херд. Актерот е во врска со Џоел Рич – адвокатката која го застапуваше во неговата тужба против британскиот медиум The Sun.
Додека траеше судењето на Џони Деп и Амбер Херд, се појавија шпекулации дека актерот е во врска со една од неговите адвокатки – Камила Васкез.
Актерот и Камила Васкез на судењето против Амбер Херд
Сега извори блиски до актерот потврдуваат дека овие гласини се делумно вистина – Џони Деп е во врска со една од неговите адвокатки, но не станува збор за Камила Васкез, туку Џоел Рич.
Актерот и Џоел Рич по судењето со Амбер Херд
37-годишната адвокатка беше дел од тимот што го бранеше актерот во случајот против британскиот медиум The Sun во 2020 година.
Актерот и Џоел Рич по судењето против The Sun во 2020 година
Џоел Рич беше покрај Џони Деп и додека траеше судењето со Амбер Херд, без разлика што тогаш не била негов официјален адвокат.
Односно, присуствувала само за да му даде поддршка, а изворите тврдат дека нивната врска почнала уште тогаш.
Актерот и Џоел Рич излегуваат од судница во април 2022-ра
Во шесте недели додека траеше судењето, Џоел и Џони Деп беа фотографирани неколкупати како излегуваат заедно од судницата, но тогаш актерот беше поврзуван со другата адвокатка, па никој не ни претпостави дека се пар.
Сега, за Us Weekly, изворите тврдат дека тие почнале да се гледаат во април годинава и дека нивната врска е сериозна.
„Хемијата помеѓу нив е неверојатна. Навистина се во сериозна врска“.
Адвокатката Џоел Рич е во брак и има две деца, но изворите тврдат дека се разведуваат. Наводно, тие не живеат заедно и Џоел само го користи презимето на сопругот.
Таа потекнува од Лондон, од богато семејство, а завршила право на Универзитетот Бирмингем. Овде го запознала нејзиниот сопруг Џонатан Рич.
Моментално таа работи за адвокатска фирма која има моќни клиенти, вклучувајќи ги Меган Маркл и Хари, како и актерката Ема Вотсон.
Лажните гласини за врската на Џони Деп и другата адвокатка – Камила Васкез – се појавија додека траеше судењето со Амбер Херд.
Тогаш Камила се огласи изјавувајќи дека гласините не се точни, па дури и истакна дека овие гласини се сексистички.
Џони Деп и Амбер Херд
Набрзо потоа, Камила беше забележана со друг маж – Едвард Овен – за кој се дозна дека ѝ е дечко, по што гласините за нејзината врска со Џони Деп стивнаа.
Погледнете и: На судењето флертува со неа и ја допира по телото - Која е адвокатката на Џони Деп, со која наводно е во врска?
Спирова С. | Црнобело