На судењето флертува со неа и ја допира по телото - Која е адвокатката на Џони Деп, со која наводно е во врска?
- Детали
- петок, 20 мај 2022
Додека трае судското рочиште помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд се појавија шпекулации дека актерот наводно е во нова љубовна врска со неговата адвокатка Камила Васкез.
Прегрнувањата во судницата, допирите и огромната хемија што постои меѓу нив, наведуваат да се помисли дека меѓу актерот, кој се обидува да ја докаже сопствената невиност и да си го поправи угледот, и неговата адвокатка постои нешто повеќе од типичен однос помеѓу адвокат и клиент.
Многумина сметаат дека токму Камила е најзаслужна за тоа што актерот за време на судењето успева делумно да си го поправи угледот и да ја придобие довербата кај јавноста.
Камила особено дојде до израз во последните денови кога за време на сведочењето на Херд успеа да ја натера актерката јавно да признае дека никогаш не ги донирала парите од разводот во хуманитарни цели, како што претходно тврдеше.
Дополнително, со убедливи фото-докази Камила се обидува да докаже дека Амбер Херд не била жртва на семејно насилство, како што тврдеше во нејзиниот текст објавен во Washington Post.
Прашана за коментар од новинарите за тоа дали е во врска со актерот, Камила само се насмевна и рече дека нема коментар.
Сепак, видеата во кои тие се прегрнуваат и допираат по раце и грб за време на судењето се хит на социјалните мрежи.
https://www.youtube.com/watch?v=SIO8MFl6oig
Инаку, судењето првично требаше да заврши на 19-ти мај, но во понеделникот беше продолжено до 27-ми мај, затоа што има уште многу докази што треба да бидат изнесени.
Се очекува на 27-ми поротата да се собере и да ја донесе пресудата за тоа дали Џони Деп бил жртва на клевета во текстот што неговата поранешна сопруга Амбер Херд го објави во 2018-та година во Washington Post.