Адвокатката на Џони Деп „уловена“ со партнерот – не е славниот актер, но има милионска сметка (фото)
- Детали
- вторник, 07 јуни 2022
Ја крие врската со него, но сепак ги „уловија“ како одат заедно на аеродром – кој е Едвард Овен, момчето на адвокатката Камила Васкез, која му донесе победа на Џони Деп во судењето со Амбер Херд и за која се шпекулираше дека е во врска со него?
Адвокатката на Џони Деп (58), Камила Васкез (37) го покажа дечкото и со тоа стави крај на шпекулациите дека е во врска со нејзиниот клиент.
Очигледно, адвокатката која важи за една од најдобрите во САД, одлучила победата да ја прослави со своето момче со кого неколку месеци е во врска на далечина, а папараците ги уловија во моментот кога заедно тргнуваа кон аеродоромот.
Камила минатата недела беше забележана заедно со нејзиното момче Едвард Овен (38), англиски милионер кој е извршен директор на компанијата „WeWork“.
Според достапните информации, Едвард Овен се занимава со недвижнини, а неговото богатство се проценува на 2 милиони долари.
Едвард завршил високо образование на престижниот универзитет Кембриџ, а тој и Камила се запознале во ноември минатата година во паб во Лондон.
Наводно, Камила и Овен веќе подолго време имаат врска на далечина, а британскиот милионер со нетрпение очекувал да заврши судењето за да може да ја посети својата девојка.
Овен и Камила во моментов се сeриозно посветени на своите кариери и сакаат својот приватен живот да го чуваат подалеку од очите на јавноста, па во таа насока не сакаа да коментираат каков е нивниот однос. Камила не ги коментираше ниту прашањата поврзани со судењето.
Погледнете го видеото:
Шпекулациите дека односот помеѓу Камила Васкез и Џони Деп е подлабок од оној на клиент и адвокат се проширија откако за време на јавното судење беше забележано и како тој ја допира и ја прегрнува, а новите фотографии и видеа се доказ дека таа е во врска со маж што е многу поблиску до нејзината возраст од славниот актер.
Прочитајте и На судењето флертува со неа и ја допира по телото - Која е адвокатката на Џони Деп, со која наводно е во врска?
Б. С. Б. | Црнобело