Некогаш беше секс симбол во Холивуд, а денес е непрепознатлива – Како изгледа денес Хедер Локлер?
- Детали
- сабота, 24 септември 2022
Во последната деценија е поактуелна заради скандалите поврзани со нејзината зависност од алкохол и опојни супстанци, отколку по филмските улоги. Некогашната холивудска убавица Хедер Локлер денес изгледа непрепознатливо.
Повеќето ја помнат како ѕвезда во серијата „Мелроуз Плејс“, а денес Хедер Локлер изгледа речиси непрепознатливо. Хедер (60) ја плаќа цената за големиот број естетски корекции, но и од зависностите.
За разлика од големиот број холивудски убавици што одлучија да стареат природно, Хедер е доказ за тоа што се случува кога ќе претерате со естетските корекции.
На најновите фотографии, нејзиното лице сега е мошне натечено и изобличено, па некогашната убавица воопшто и не наликува на себеси.
Таа во последните неколку години најчесто наоѓаше место во жолтиот печат заради нејзините проблеми со алкохолизмот, а самата вели дека најголема поддршка во борбата со зависностите ѝ се нејзиниот вереник Крис Хеjсер и ќерката Ава.
Во 2018-та година таа беше во фокусот на јавноста кога под дејство на алкохол го претепа својот сегашен свршеник, а тој беше уапсен заради возење под дејство на алкохол и опојни супстанци.
Сепак, парот, одлучил да остане заедно, а во 2020-та година тој клекна на едно колено и ја запроси. Инаку, тие двајца се познаваат од средношколските денови.
Хедер Локлер стана славна благодарение на улогата на Семи Јо Карингтон во хит серијата „Династија“ во 80-тите, по што стана една од најплатените актерки и модели со заработка од околу 157 милиони долари.
Заради проблемите во приватниот живот во последната деценија, Хедер сѐ поретко се појавуваше во филмови. Меѓу последните улоги ѝ е онаа во хит серијата „Два и пол мажи“ со Чарли Шин.
Таа зад себе има два брака: со тапанарот Томи Ли беше во брак околу 7 години, а со гитаристот Ричи Самбора, со кого ја доби и ќерката Ава беше во брак 13 години.
Погледнете повеќе нови фотографии од Хедер:
Б. С. Б. | Црнобело