Енрике Иглесијас објави видео како се бакнува со нападна обожавателка – што сѐ мора да гледа неговото семејство?
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Енрике Иглесијас објави видео на кое обожавателка страсно го бакнува во уста - тој прво ја оттргнува, а потоа ѝ возвраќа и ја прегрнува - девојките во публика се љубоморни, а како реагира неговата партнерка на ова?
Познато е дека Енрике Иглесиијас (47) е во врска со Aна Курникова над 20 години, па сите останаа во шок кога го видоа видеото што масовно се шири на социјалните мрежи, на кое се гледа како една обожавателка во Лас Вегас страсно го бакнува.
Очигледно, многу девојки живеат за овој момент, па ја користат својата шанса во љубовната историја да го имаат и бакнежот со згодниот пејач.
По настапот во Лас Вегас, минатата недела Енрике се фотографираше со обожавателите, а една девојка ја искористи можноста страсно да го бакне.
Енрике сакаше да биде пристоен, па само ја бакна девојката во образ, додека таа не се сврте и не одлучи да ја „вжешти“ атмосферата.
Обожавателката почна страсно да го бакнува. Се гледа како обезбедувањето се приближи и сакаше да ја тргне девојката, но пејачот ѝ доволи да го бакне и да си ја оствари желбата.
Видеото од страсниот бакнеж е споделено на неговиот Иснтаграм профил, а на Твитер се споделуваат и други видеа од моментот, направени од обожавателите што биле присутни во Лас Вегас.
This kiss oh my God!!!!!!!! are u okay baby @enriqueiglesias 😭?
— fan account (@enriqueigstan) September 17, 2022
Vegas 9/16/2022 pic.twitter.com/U6Hiw40ni0
Неговите следбеници имаат поделено мислење за целиот настан, па додека некои признаваат дека и тие би сакале да добијат страстен бакнеж од Енрике, други велат дека им е жал за неговата долгогодишна девојка и за тоа што таа мора да го гледа.
„Посакувам да бев на нејзино место“, „Тоа што се случува во Вегас, останува во Вегас“, „Не ми се допаѓа кога други девојки те бакнуваат, твоите бакнежи се само за Ана“, „Жал ми е што неговото семејство мора да го гледа ова“, „Сакам и јас“ – стои во дел од нив.
Инаку, за потсетување, Енрике и Ана заедно имаат три деца: Николас, Луси и Мери, а парот е заедно од 2001-ва година, кога се запознаа за време на снимањето на видеоспотот за неговата песна Escape.
Б. С. Б. | Црнобело