Бритни можеше да стане кралица на Англија - Што знаеме за односот на принцот Вилијам со поп-принцезата?
- Детали
- среда, 14 септември 2022
„Требаше и да се видиме, но принцот Вилијам ме извиси“ – призна Бритни Спирс во една прилика додека говореше за нејзината „врска“ со британскиот престолонаследник. Како поп-принцезата имаше шанса да стане идна кралица на Англија?
Сите ја знаеме како принцезата на поп-музиката, но оние што ја следеа нејзината кариера во миговите кога беше на врвот на популарноста ќе се присетат дека Бритни Спирс беше и „несудена британска кралица“.
На почетокот на 2000-тите години Бритни беше на врвот на славата, а речиси сите светски медиуми пишуваа за наводната врска на поп-принцезата со британскиот принц, кој тогаш важеше за голем заводник и за едно од најпосакуваните момчиња.
Во 2002-та година Бритни гостуваше во ток-шоу каде рече дека имале сајбер-врска со новиот принц од Велс. Бритни, која во тој период беше во врска со Џастин Тимберлејк, призна дека со принцот долго време разговарале по мејл, па пејачката дури и го поканила на вечера додека била на турнеја во Обединетото Кралство.
„Да, целата работа само беше премногу надувана – разменивме неколку мејл пораки и требаше да излеземе и да се видиме, но не излезе ништо на крај“ – рече Бритни тогаш и призна дека принцот ја извисил.
Бритни рече дека немала поим зошто принцот одлучил да ја извиси, но според магазинот The Sun, Вилијам во тој период одлучил да оди на лов.
За разлика од Бритни која отворено призна дека се допишувале, Бакингемската палата никогаш не коментираше за написите, а се смета дека нивната врска би се сметала за недолична.
Една година подоцна, во 2003-та година Вилијам почна јавно да се гледа со Кејт Мидлтон, а кон крајот на 2002-ра година Бритни раскина со Џастин Тимберлејк.
Б. С. Б. | Црнобело