Бредли Купер и Ирина Шајк се прегрнуваат среде улица, по гласините за смирување (фото)
- Детали
- петок, 09 септември 2022
Ирина Шајк и Бредли Купер беа забележани во Њујорк со ќерка им Леа, а нивната прегратка среде улица дополнително ги разгоре гласините дека повторно се заедно, но и дека сакаат уште едно дете.
По заедничкиот одмор и гласините дека сакаат да ја обноват врската, Ирина Шајк и Бредли Купер беа забележани заедно во Њујорк, со нивната ќерка Леа.
Неделава, 47-годишниот актер и 36-годишниот модел шетаа низ Њујорк со 5-годишната ќерка Леа, а дури и се прегрнаа среде улица.
И двајцата беа во лежерни комбинации, со тренерки и маица на кратки ракави. Малата Леа, која ги држеше за рака, носеше слатко светкаво фустанче со ѕвезди.
Иако Бредли и Ирина честопати излегуваат заедно со ќерка им, ова е можеби првпат да се прегрнат среде улица, откако се разделија.
За фановите, ова е доказ дека изјавите на изворот близок до парот се вистина.
Откако Ирина објави заедничка фотка со Бредли од Бахамите, изворот за Page Six сподели дека тие не само што сакаат да ја обноват врската, туку сакаат и уште едно дете.
Се претпоставува дека Бредли и Ирина ја почнале врската во 2015-та, а самите ги потврдија гласините дури следната година.
Парот ја доби ќерката Леа во 2017-та, а се разделија во 2019 година.
Откако се разделија, ниту еден од нив не беше во сериозна врска, иако актерот го поврзуваа со политичарката Хума Абедин, а Ирина – со Канје Вест.
Спирова С. | Црнобело