Бредли Купер и Ирина Шајк размислуваат да ѝ дадат нова шанса на врската и да го прошират семејството, по заедничкиот одмор
- Детали
- недела, 04 септември 2022
Пo заедничкиот одмор на Бахамите, извор близок до Бредли Купер и Ирина Шајк тврди дека тие не само што размислуваат да ѝ дадат нова шанса на врската, туку сакаат и уште едно заедничко дете.
Неодамна Бредли Купер и Ирина Шајк, кои имаат едно дете, беа заедно на одмор на Бахамите. Иако е познато дека се во добар однос, поради заедничкиот одмор фановите почнаа да шпекулираат дека можеби ќе се смират.
А, по сè изгледа ова е точно.
За Page Six, извор близок до Ирина и Бредли тврди дека тие не само што размислуваат да ѝ дадат уште една шанса на врската, туку сакаат и повеќе заеднички деца.
„Одморот (на Бахамите) беше семеен и тие размислуваат да се смират. Ирина би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра“.
Наводно, и Бредли сакал барем уште едно дете.
Периодов Бредли Купер се гледа со политичарката Хума Абедин, но според изворите не станува збор за сериозна врска.
За Ирина, пак, се претпоставува дека имаше кратки врски со Вито Шнабел и Канје Вест, кои исто така не биле воопшто сериозни.
„Ниту еден од нив не бил во сериозна врска откако се разделија, а и двајцата сакаат уште едно дете. Ова нема да биде како Бен Афлек и Џеј Ло каде што едниот постојано мислел на другиот, туку и двајцата мислат „зошто да не?“.
Секако треба да минуваат многу време заедно бидејќи се родители, па сметат дека можеби е време да се смират“, вели изворот.
Веќе добро познат факт е дека Бредли и Ирина се многу блиски и вистински уживаат кога се заедно, па можеби навистина ќе ги видиме како пар уште еднаш.
Бредли и Ирина првпат беа забележани заедно во 2015 година. Беа во врска 4 години, односно до 2019-та.
Тогаш изјавија дека пробувале да ја спасат врската поради ќерка им, но сфатиле дека не се среќни заедно.
Спирова С. | Црнобело