Џесика Бил (40) во омилените полутанга бикини на одмор во Италија, Џастин Тимберлејк уловен со гол задник
- Детали
- среда, 07 септември 2022
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил голем дел од летото поминаа во Италија, а на повеќето папарацо фотки, актерката ги носи истите бикини со леопардски принт.
Џесика Бил покажа дека е во топ форма на одморот во Тоскана со сопругот Џастин Тимберлејк.
40-годишната актерка и 41-годишниот пејач беа забележани на плажа каде што се капеа, се сончаа и не ги тргаа рацете еден од друг.
Џесика се одлучи за бикини со леопардски принт, додека Џастин носеше сини шорцови со дезен, како и блуза на долги ракави.
Најпрво парот се бакнуваше во водата, а потоа разменуваа нежности и на лежалките.
Папараците го „уловиле“ Џастин и во непријатен момент – додека си ги соблекува мокрите шорцови.
Во октомври годинава, Џастин и Џесика ќе ја прослават нивната 10-та годишнина. Тие ја почнаа врската во 2007 година, а се венчаа во 2012-та и заедно имаат два сина – Силас (7) и Финеас (2).
Иако парот умешно ги крие децата од јавност, дури и од социјалните мрежи, одвреме-навреме споделуваат по некоја фотка.
По повод Денот на таткото во јуни, Џесика сподели слатка семејна фотографија.
„За светот, ти си татко. Но за твоето семејство, ти си целиот свет“, стои во описот.
Пред околу еден месец, Џесика и Џастин повторно беа забележани во Италија, овојпат на островот Сардинија.
Како и сега, тие не ги одделуваа рацете еден од друг, а актерката ги носеше потполно истите бикини со леопардски принт.
Додека повеќето славни личности е реткост двапати да ги видиме со иста облека (или костим за капење), на Џесика не ѝ е воопшто грижа за тоа.
Џастин и Џесика во Италија:
Спирова С. | Црнобело