Меган Маркл во совршен црвен аутфит на настан - со принцот Хари насмени, вљубени и фатени за рака
- Детали
- вторник, 06 септември 2022
Принцот Хари вљубено и со насмевка на лицето ја гледаше својата 41-годишна сопруга додека држи говор во Велика Британија, за првпат откако го напуштија кралското семејство.
Меган Маркл одржа говор на самитот „One Young World summit“ во Манчестер, Велика Британија, првпат по напуштањето на кралското семејство во 2020 година.
Очекувано, британските медиуми веднаш ја нападнаа со написи од типот дека била егоцентрична затоа што 54 пати во говор од 7 минути, посветен на еднаквоста на половите, се споменала себеси.
Имало и луѓе кое протестирале и ги нарекувале неа и Хари „лажни кралски претставници“.
Но, за овој настан Меган блескаше во црвен аутфит, а со Хари се држеа за раце и изгледаа среќно и вљубено.
Меган со цел да ги инспирира младите дека треба да ги следат своите соништа говореше како од девојката од серијата „Suits“ се претворила во активист и хуманитарец, кој седел на маса и со некои од најмоќните светски лидери.
Како изгледаше парот на настанот:
С. С. | Црнобело