Џеј Ло сподели нови, ексклузивни фотки од луксузната свадба со Бен Афлек - имаа 3-дневна прослава од 9 милиони евра
- Детали
- петок, 02 септември 2022
Две седмици по раскошната свадба, Џеј Ло сподели фотки од свеченоста, но и емотивен текст во кој одново и одново повторува дека е пресреќна со Бен и дека дефинитивно го направиле вистинскиот чекор.
Поминаа две седмици од свадбата на Бен Афлек и Џеј Ло, а пејачката дури сега сподели фотографии од настанот.
53-годишната Џеј Ло ги објави фотографиите на нејзиниот веб-сајт On The JLo, а откри и неколку детали од свадбата.
Прославата траеше три дена и почна на 20-ти август, а се одржа во куќата на Бен Афлек во Џорџија.
За свадбата, парот потрошил 8,9 милиони долари.
Џеј Ло носеше три венчаници, сите дизајнирани од Ралф Лорен.
„Кога ме виде како се појавив на скалите ни се чинеше тешко за верување. Како најубавиот сон од кој не сакате да се разбудите“, пишува пејачката.
„Некои стари рани заздравија тој ден и тежината од минатото конечно се тргна од нашите рамена. И, не како што планиравме, туку подобро. Ова е рај. Ова овде. Сега сме во него“.
Џеј Ло откри и дека биле загрижени за временските услови, бидејќи цела седмица пред венчавката постојано врнел дожд. Истовремено, целото нејзино семејство имало проблеми со стомакот.
Но, и покрај овие мали непредвидливи проблеми, пејачката истакнува дека во ниту еден миг не почувствувала сомнеж, била сигурна дека таа и Бен го прават вистинскиот чекор.
„Цела недела чувствував сигурност дека сме во рацете на Бог. Во сабота, 20-ти август, сонцето изгреа и ги расфрла зраците како мали дијаманти кои танцуваат по реката зад олтарот во нашиот двор“.
Бидејќи и Бен Афлек и Џеј Ло претходно беа во брак, пејачката открива дека вечерта пред свадбата се шегувале за тоа. Им било дури и смешно што двајцата повторно прават свадба на нивна возраст.
„И двајцата бевме во брак претходно и повеќе не сме деца, но некако ни се чинеше дека ова е вистинската возраст за нас“.
Бен и Џеј Ло беа верени пред речиси 20 години и се разделија, а пејачката вели дека всушност сега било вистинското време за да се венчаат.
„Секоја приказна е различна и сите имаме пат што треба да го изодиме. Нема две личности кои се исти. Но за нас, ова беше совршениот тајминг.
Никогаш не сум била посигурна дека го правам вистинското нешто, и знаев дека конечно сме заедно на начин кој е возможен само откако ќе ги разбереш загубата и радоста, откако ќе бидеш доволно тестиран за да не ги игнорираш важните нешта или да дозволиш смешните незначајни проблеми да те спречат да уживаш во секој скапоцен момент“.
Неколкупати во текстот, пејачката истакнува дека таа и Бен се пресреќни.
Погледнете и: Овојпат засекогаш: Први фотки од гламурозната свадба на Џеј Ло и Бен Афлек – венчаницата се влече 6 метри, гостите се во бело
Спирова С. | Црнобело