„Како носиш чорапи?“ - Ќерката на Кејт Мос со долгите нокти на нозете стана мета на онлајн критики
- Детали
- среда, 31 август 2022
19-годишната убавица, која го восхити светот кога се појави со инсулинска пумпа и монитор на настан за да ја подигне јавната свест за дијабетесот, сега ги запрепасти фановите со долгите нокти на нозете. Што мислите за овој тренд?
Лила Мос (19) е неверојатна убавица како и нејзината мајка Кејт Мос и веќе доминира со своето присуство во модниот свет.
Но, таа деновиве стана мета на критики, откако на Инстаграм Стори сподели кадар одблиску од нејзините долги, црвени нокти на нозете.
Фотографијата е направена за време на еден работен ангажман на Лила, поточно за време на фотосесијата за магазинот „Perfect Magazine“.
Дел од коментарите на зачудените фанови гласат:
„Како носиш чорапи со тие нокти?“
„Со ноктите можеш да пресечеш некого.“
Но, има и такви на кои овој тренд им се допаѓа.
Што мислите вие за трендот долги нокти на нозете?
Прочитајте и Ќерката на Кејт Мос со инсулинска пумпа и монитор за да го контролира дијабетесот тип 1 на Мет Гала (фото)
С. С. | Црнобело