Ќерката на Кејт Мос со инсулинска пумпа и монитор за да го контролира дијабетесот тип 1 на Мет Гала (фото)
- Детали
- среда, 04 мај 2022
19-годишната убавица Лила Мос покрај тоа што сака да биде одговорна кон своето здравје, сака да ја поткрене и јавната свест за болеста дијабетес тип 1. „Мислам дека многу луѓе не знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, па никој не може да познае...“
Кејт Мос има ќерка убавица, која на Мет Гала се појави со инсулинска пумпа и монитор, кои ѝ го контролираат дијабетесот тип 1.
19-годишната Лила Мос со овие уреди се има појавено и на модни ревии и на низа други настани со цел да ја поткрене јавната свест за оваа болест.
Во транспарентен Burberry фустан со дијаманти таа блесна на балот во Њујорк, а до неа како и секогаш беше нејзината мајка.
Младиот успешен модел пред извесен период за магазинот Vogue проговори дека донела одлука пумпата да ја носи и на модните ревии затоа што е дијабетичар и сака сè да ѝ биде под контрола.
Во 2020-та Лила изјави: „Мислам дека многу луѓе не знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, па никој не може да познае.“
Дијабетесот тип 1 предизвикува нивото на гликоза (шеќер) во крвта да стане превисоко. Тоа се случува кога телото не може да произведе доволно од хормонот инсулин, кој е одговорен за контрола на гликозата. Потребно е секојдневно инјектирање на инсулин за нивото на гликоза во крвта да се држи под контрола.
Инсулинската пумпа е направа поврзана со монитор, кој со сензор го следи нивото на гликоза кај личноста и ги пренесува вредностите на гликоза кај лицето кое го носи уредот и по потреба пумпата инјектира инсулин во дијабетичарoт.
Повеќе фотографии од Лила Мос и Кејт Мос на Мет Гала:
С. С. | Црнобело