Младата бунтовничка Луисана Лопилато се породи со четвртото дете – ѝ дадоа име со значење „небо“ и објави фотка
- Детали
- сабота, 20 август 2022
„Од љубовта доаѓа живот, светлина и таа... нашето бебе Сиело Јоли Роуз Бубле. “ – напиша Луисана Лопилато позната како Миа Колучи, до фотката од стапалцето на новородената ќеркичка, кое е четврто дете што го има со Мајкл Бубле.
Младата бунтовничка Луисана Лопилато, која сите ја знаеме како Миа Колучи од аргентинската хит-серија, го доби и четвртото дете со сопругот Мајкл Бубле.
Таа објавуваше прекрасни фотки од бременоста, а на 19-ти август, сподели со фановите дека се породила, покажувајќи фотка од малото стапалце на новородената ќеркичка.
Во описот таа напиша: „Од љубовта доаѓа живот, светлина и таа... нашето бебе Сиело Јоли Роуз Бубле. Конечно пристигна во нашите животи со твоите 3.8kg. му благодариме на Бога за овој бесконечен благослов, те сакаме. Ноа, Елиас, Вида и твоите мама и тато!“
Инаку, освен по своите кариери, Луисана и Мајкл беа актуелни во медиумите откако преживеаја страшно искуство, кога нивниот прв син боледуваше од рак, но за среќа целосно се излечи.
Потоа ги добија Вида Амбер Бети и Елиас, а сега семејството им се зголеми за уште еден член.
Прочитајте и Некогаш беше бунтовната Миа Колучи, денес е горда мајка – Што прави сега Луисана Лопилато?
М. М. | Црнобело