„Ми го затегнаа лицето со ленти“: Линда Еванџелиста позира за Vogue – зошто ја направила процедурата што ѝ го деформираше телото?

Линда Еванџелиста ќе ја краси насловната страница на Vogue, а за фотосесијата лицето и вратот ѝ се затегнати со самолепливи ленти. 57-годишниот модел открива нови детали за процедурата што ѝ го деформираше телото, но и што ја натерало да ја направи

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-01.jpg

Откако отворено прозборе за козметичките процедури што ѝ го деформираа телото, Линда Еванџелиста повторно почна да добива ангажмани, па сега ќе ја краси насловната страница на септемвриското издание на магазинот Vogue.

57-годишната Линда, која некогаш ја нарекуваа најубавата жена во светот, помина шест години „во криење“, по последиците од процедурата позната како CoolSculpting.

Ова е третман за намалување на масното ткиво, но кај Линда настанала ретка негативна реакција, по што нејзиното масно ткиво почнало да се зголемува.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-06.jpg

Поради ова, моделот има масни наслаги по целото тело од кои не може да се ослободи. Сепак, таа открива дека по неуспешната процедура отишла на неколку третмани за липосукција кои колку-толку го намалиле масното ткиво.

На почетокот од годината, моделот направи фотосесија за People и прозборе за неуспешниот третман, изјавувајќи дека повеќе не сака да се крие од јавноста.

Неодамна Линда почна и со ангажмани, а на фотките за Vogue изгледа одлично.

Сепак, моделот истакнува дека она што го гледаме на фотографиите не е нејзиното вистинско лице – мејкап артистот користел самолеплива лента за да ѝ ги затегне лицето и вратот, а потоа ги покрил лентите со шалови и шешири.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto09.jpg

„Тоа не се моите вилица и врат во реалноста – и не можам насекаде да одам со самолеплива лента. Пробувам да научам да се сакам себеси таква каква што сум.

Но, за фотографиите… Гледајте, за фотографии мислам дека секогаш создаваме фантазија. Создаваме соништа. Мислам дека тоа е дозволено.

На овие фотографии се скриени сите мои несигурности, па имам можност да го правам она што го сакам“, вели Линда во интервјуто за Vogue.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-07.jpg

Низ 90-тите, Линда беше еден од најбараните модели и имаше соработувано со најголемите имиња од модната индустрија, вклучувајќи ги Chanel, Valentino и Ralph Lauren.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-02.jpg

Во 2016-та таа престана со сите ангажмани, поради деформираното тело.

Во интервјуто за Vogue Линда споделува нови детали за последиците од неуспешната процедура, вклучувајќи ги и оние врз менталното здравје.

„Ако знаев дека во несакани ефекти спаѓа и можноста да ја изгубам работата и дека ќе бидам толку депресивна што ќе се мразам себеси… Немаше да го преземам тој ризик“, вели Линда која почнала да се изгладнува кога масните наслаги почнале да се зголемуваат. 

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-08.jpg

Моделот открива и што ја натерало да направи таква процедура, кога сите беа восхитени од нејзината убавина:

„Рекламите за CoolSculpting постојано ги прикажуваа на телевизија. Одново и одново, и прашуваа; ’Дали ви се допаѓа она што го гледате во огледалото?‘ Како да ми зборуваа.

Тоа беше процедура за тврдоглави масни наслаги што не се намалуваат. Велеа дека нема период на закрепнување, нема операции. Па, ја направив – и излезе спротивно од очекуваното“.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-12.jpg

„Дали ментално сум подобро? Секако не. Но многу сум благодарна од поддршката што ја добивам од пријателите и модната индустрија“.

Минатата година Линда ја тужеше компанијата каде што го направила третманот. Од компаниајта ѝ рекле дека ќе ѝ ги покријат трошоците за липосукција, но само ако потпише изјава дека нема да зборува за целата ситуација. Сепак, Линда одбила и бараше оштета од 50 милиони долари.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-13.jpg

Подоцна моделот откри дека направиле спогодба, но не е познато колку пари ѝ исплатиле од компанијата.

„Задоволна сум што го решивме случајот. Со нетрпение го очекувам следното поглавје од мојот живот со пријателите и семејството, и среќна сум што ова е зад мене. Навистина сум благодарна за поддршката што ја добив“.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-14.jpg

Во интервјуто за Vogue, Линда вели дека е пресреќна што има можност да ѝ се врати на професијата што ја сака.

Таа вели и дека веројатно нема да ја видиме во костим за капење на некоја насловна страница, но се надева дека ќе почне да прави фотосесии и без самолепливите ленти што ги носи на фотографиите за Vogue.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-16.jpg

Но, истовремено, Линда истакнува дека е згрижена дека може да ѝ биде тешко да наоѓа работа како порано поради „израстоците на телото“.

„Мојот голем сон беше да бидам на насловната страница на Vogue, и сега повторно се случува тоа. Имам можност да работам со најпрекрасниот тим, повторно ми се исполнува сонот“.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-03.jpg

Линда прозборе и за предизвиците со кои се соочувала на почетокот од кариерата, вклучувајќи и непријатна ситуација во Јапонија.

„Како издржував? Ова е вистината: Бев Млада. Можев да излегувам и да јадам солена пржена храна и да пијам шампањ, да си легнам во 3 наутро, а да станам во 5 наутро.

Ми нудеа и дрога, но никогаш не ја допрев. Не велам дека бев ангел, но бев преплашена од дрога.

Еднаш бев во една агенција (во Јапонија) и ми рекоа ’Соблечи се, треба да ти ги измериме пропорциите‘, но тие веќе имаа мои мерки. Сакаа да ме видат гола и како да сака да ми кажат ’Ќе позираш и гола‘.

Веднаш си заминав и ѝ се јавив на мајка ми, а таа ми рече ’Излези оттаму и оди во амбасадата‘. Па, го направив токму тоа и оттаму ме испратија дома“.

Неодамна Линда направи и фотосесија за брендот Fendi, а со фотка на Инстаграм се пошегува на своја смета.

mi-go-zategnaa-liceto-so-lenti-linda-evandzhelista-pozira-za-vogue-zoshto-ja-napravila-procedurata-shto-go-deformirashe-teloto-04.jpg

На фотографијата, мејкап артистите ја подготвуваат Линда за фотосесијата, и можат да се забележат лентите што ѝ го затегнуваат лицеот. Во описот, пак, моделот вели дека е потребно цело село за да ја среди за фотосесија. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg