Алесандра Амбросио воодушевена од Црна Гора – сега ужива во ноќниот живот на Белград со Сека Алексиќ (фото)
- Детали
- четврток, 18 август 2022
Светскиот топ-модел неколку дена уживаше во убавините на Јадранот на црногорското крајбрежје со децата, а сега е во Белград, каде го искусува ноќниот живот на Балканот, и повторно се забавува со Сека Алексиќ.
Алесандра Амбросио изминатиот период престојуваше во Црна Гора, заедно со децата и пријатели, од каде објавуваше фотки во бикини на некои од најубавите плажи.
Според описите на фотките, таа е воодушевена од убавините на Црна Гора и уживала во пловењето низ Јадранот.
Моментално, бразилскиот модел е во Белград, каде освен што шета низ прекрасната српска престолнина со децата, по малку ужива и во ноќниот живот кој го нуди овој град.
Откако во Црна Гора се запозна со Сека Алексиќ на нејзин настап, пејачката ѝ остави голем впечаток, па во Белград повторно е во нејзино друштво, на роденден на заеднички пријател.
Повеќе фотки од престојот на Алесандра во Црна Гора:
М. М. | Црнобело