„Се роди милионер, се ожени за милијардерка и глуми дека сам заработил“ – Бруклин Бекам мета на потсмев откако се пофали со новиот автомобил
- Детали
- среда, 17 август 2022
„Треба да го пофалите за скромноста, не кажа кој му е татко“ - се вели во еден од коментарите до видеото во кое Бруклин Бекам вози автомобил од 1,2 милиони евра, а вели дека работи како готвач и така ги заработува парите.
Откако се пофали дека благодарение на кариерата како готвач собрал доволно пари за да си купи нов луксузен автомобил McLaren P1, Бруклин Бекам Пелц се најде на удар на критики.
На ТикТок е објавено едно видео со најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, направено додека тој го вози новиот автомобил, вреден 1,2 милиони долари.
Даниел Мек е инфлуенсер на ТикТок што снима видеа во кои ги „лови“ возачите на скапи автомобили и ги прашува како ги заработиле парите за да купат скапи возила.
Така, во едно видео се најде и Бруклин, кој веднаш го препозна тиктокерот.
„Еј, другар! Што работиш ти? Имаш супер кола...“ – го праша Даниел, на што Бруклин одговори:
„Јас сум готвач...“
„Готвач си Навистина? Да не си најдобриот готвач во светот?“ – го праша Даниел.
„Се обидувам да бидам“ – одговори Бруклин.
@itsdanielmac Bruh What Even Is A “Chef Name ??@brooklynbeckham #mclarenp1 #p1 ♬ original sound - DANIEL MAC
До видеото има голем број коментари во кои имаше критики и потсмевања упатени до Бруклин, кој неодамна стапи во брак со богатата наследничка и актерка Никола Пелц.
„Нели беше фотограф пред една недела?“,
„Се родил во семејство на мултимилионери, а се ожени со ќерка на милијардер. Но, човекот е готвач“,
„Готвач... Човекот нема изработено една смена во ресторан“,
„Сигурно не заработил за автомобилот, додека се преправа дека е готвач“,
„Тој е исто толку талентиран готвач, како мајка му што беше за пеење“,
„Готвач... Кому му требаат 8 часа за да направи болоњезе сос“,
„Треба да го пофалите за скромноста, не кажа кој му е татко“ – стои во дел од коментарите.
Прочитајте и Синот на Бекамови е мета на потсмев - „глуми“ кулинар со парите на мама и тато, твитерџиите со жестоки објави
Инаку, кариерата на Бруклин како готвач во шоуто „Cookin’ With Brooklyn“ беше мета на потсмев уште од својот почеток во февруари годинава.
Наводно на синот на Викторија и Дејвид му биле потребни 62 професионалци што требало да му помогнат да демонстрира како се подготвува сендвич.
Прочитајте и Го зеде презимето на сопругата, Дејвид и Викторија строго го контролирале за да не ги посрамоти – Факти за Бруклин Бекам
Б. С. Б. | Црнобело