Го зеде презимето на сопругата, Дејвид и Викторија строго го контролирале за да не ги посрамоти – Факти за Бруклин Бекам
По стапувањето во брак најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам го промени презимето, а вели дека конечно ја нашол својата идна професија и знае каква кариера сака да изгради - факти за Бруклин Бекам.
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин (23) неодамна (на 09. 04) се ожени за својата девојка Никола Пелц (27), а нивната свадба привлече големо внимание во јавноста.
Ова беше една од ретките свадби на познатите од каде немаше премногу приватни фотографии, а младенците признаа дека за време на церемонијата сите фотографии ги правеле со стари телефони на преклоп што немаат пристап до интернет и социјални мрежи.
Една недела по свадбата за богатата актерка и наследничка Бруклин и официјално го промени презимето на својот Инстаграм профил, па сега е Бруклин Пелц Бекам и ја сподели првата заедничка фотографија на која со сопругата делат едно пржено компирче, а до неа напиша:
„Мојата женичка“.
Бруклин е дете на славни родители, што беше постојано во фокусот на јавноста од неговото раѓање. Речиси сите имаа можност да ги видат неговите фотографии од свадбата на Викторија и Бекам кои се венчаа кога тој беше 3-месечно бебе, а низ годините редовно беше следен од папараци и фотографи.
Денес тој има сопствено богатство од 10 милиони долари, што е петпати помало од она на неговата сопруга Никола Пелц која има богатство од 50 милиони долари, а неколкупати се обидувал да започне нова кариера, настрана од неговите познати родители.