Заводникот од Руби позира целосно гол за 47-иот роденден – како изгледа денес Хектор? (фото)
- Детали
- сабота, 13 август 2022
„Денес го славам животот, како што Бог ме донел на светот пред 47 години!“ - Се сеќавате ли на латино заводникот со руса коса од Руби? Денес има 47 години и извајано, мускулесто тело, кое го покажа во целосно голо издание за својот роденден и одново ги освои женските срца.
Себастијан Рули се прослави со улогата на заводникот Хектор во мексиканската серија Руби, која беше хит во 2004-та година.
Денес тој има 47 години, сè уште има извајано, мускулесто тело и насмевка и поглед со кои заведува, а е во среќна врска со својата колешка, актерката Анхелика Бојер.
По повод 47-иот роденден, тој објави жешка фотка, на која е целосно гол на плажа, а со рацете си ги покрива интимните делови.
„Денес го славам животот, како што Бог ме донел на светот пред 47 години!“ – стои во дел од роденденската објава.
Очигледно годините за него се само бројка, а дамите и ден-денес лудуваат по него:
М. М. | Црнобело