Бившиот сопруг на Бритни Спирс: „Нашите синови се срамат од нејзините разголени фотки, не сакаат да ја видат“
Бритни, пак, на својот Инстаграм профил одговори речиси веднаш и интервјуто го нарече „болно“.
„Со еден збор: ‘Болно’. Ме растажи тоа што слушнав дека мојот поранешен сопруг одлучил да говори за мојот однос со моите синови. Како што знаеме сите, растењето деца тинејџери никогаш не е лесно.
Ме загрижува тоа што целиот проблем е заради мојот Инстаграм...
Но, нештата не беа добри долго време пред Инстаграм... Им дадов сѐ. Само еден збор - БОЛНО. Ќе кажам... Мајка ми ми рече: ‘Треба да ги дадеш на татко им’ и го споделувам ова затоа што можам...“
По, ова Бритни одлучи дека има уште многу работи што сака да ги изнесе во јавноста, па рече:
„Да дополнам на тоа што го кажав на Стори... Како што вели маќеата на моите синови ‘она што не се случува во овој дом, воопшто не е поврзано со овој дом’...
Сакам да ви кажам дека надворешната ВРАТА беше симбол за БЕЛИТЕ ПОРТИ до кои не смеев да се приближам во последните 15 години... Легалното старателство заврши само пред 8 месеци!!!
Тоа што конечно имам сопствени пари по многу години ми ги отвори очите... Дали сме еднакви сега??? Дали сме целосно еднакви???“ – праша таа.
Во продолжение му порача на нејзиниот поранешен сопруг дека е свесна за тоа како нејзината слава влијае и врз неа и врз нејзините деца.
„За време на легалното старателство, ме контролираа и ме надгледуваа речиси 15 години... Ми требаше дозвола за да земам само лек против болки. Би требало да правам многу повеќе од тоа што одам топлес на плажа, како на пример, да станам мајка“ – порача Бритни.
https://www.instagram.com/p/Cg8lvfTOeYU/?utm_source=ig_web_copy_link
Од друга страна пак, новиот сопруг на Бритни, Сем Ашгари (28) на својот Инстаграм профил застана во одбрана на својата сопруга и меѓу другото рече:
„Момчињата се мошне паметни и наскоро ќе имаат 18 години и ќе можат самите да носат одлуки, па можеби ќе сфатат дека е мошне тешко да се има татко кој не бил добар модел за нив. Наскоро на Кевин ќе му замине возот, па тоа го објаснува тајмингот за овие изјави“ – порача тој, меѓу другото.
https://www.instagram.com/p/Cey7MiPPimw/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело