Нова теорија на заговор за разводите на Том Круз – зошто бројот 33 е малер за неговите сопруги?
- Детали
- недела, 28 август 2022
Сите поранешни сопруги на Том Круз имале по 33 години кога се развеле од актерот. Покрај тоа, секоја нова сопруга била 11 години помлада од претходната. Дали навистина станува збор само за необична случајност?
Том Круз е еден од холивудските актери што отсекогаш привлекувале внимание кај јавноста. Како со вонвременскиот талент за глума, така и со скандалозните разводи, но и лошиот однос со неговото единствено биолошко дете. Сега, неговите обожаватели забележаа нешто интересно во поглед на неговите разводи.
Том Круз досега бил во брак трипати и трипати се развел. Се чини дека најмногу се пишуваше за неговиот развод со Кејти Холмс, но неговите обожаватели забележаа уште еден необичен детаљ што е карактеристичен за сите три разводи.
Познато е дека Том Круз е еден од највлијателните следбеници на скиентологијата, а оваа религија сама по себе досега повеќепати била предмет на пишување, а за неа се врзуваат поголем број теории на заговор.
Според теоретичарите на заговори на социјалните мрежи, постои интересен детаљ што ги поврзува сите три разводи.
Том се развел од сите сопруги кога биле на возраст од 33 години, а секоја нова сопруга била 11 години помлада од претходната.
https://twitter.com/notcommonmedia/status/1390747600186380292
Да провериме колку се точни овие факти:
Мими Роџерс
Во 1987-мата година, Том Круз стапи во брак со актерката Мими Роџерс, која наводно го вовела во скиентологијата. Тој период Том веќе беше доволно познат по улогите во Top Gun и Risky Buisness.
Нивниот брак траеше многу кратко, па во 1990-та година парот се разведе, а актерката одбиваше да коментира што е тоа што довело до развод.
Кога се разделија, Мими имаше 33 години, а разводот го најавија само неколку дена пред Том да го прослави својот 24-ти роденден.
Никол Кидман
Во 1990-та година, Том ја почна врската со Никол Кидман, со која важеа за еден од најскладните парови во Холивуд. Заедно посвоија две деца: Изабела и Конор.
Светот беше во шок во 2001-ва година кога, непосредно по улогите во филмот Eyes Wide Shut, Том и Никол најавија дека се разведуваат заради ненадминливи разлики.
Никол имаше 33 години кога се разведе од својот сопруг, а нивната разделба долго време беше предмет на шпекулации во медиумите.
По Никол, Том беше во врска со Пенелопе Круз, но со неа не стаса до олтар.
Кејти Холмс
Кејти Холмс и Том Круз стапија во брак во 2006-та година, неколку месеци откако заедно ја добија ќерката Сури.
Како и да е, во јуни 2012-та година, Кејти поднесе документи за развод, само неколку месеци пред да го прослави својот 34-ти роденеден.
Што се однесува до разликата во годините: Мими Роџерс во моментов (август, 2022 година) има 66 години, Никол Кидман 55, а Кејти Холмс ќе наполни 44 години во декември годинава.
Според теоретичарите на заговор на социјалните мрежи, бројот 33 има големо значење во скиентологијата и се нарекува „главен учител“, затоа што ја објаснува одблиску логиката на скиентологијата, а тоа е „да му овозможи на човекот да се подобри себеси преку разбирање“.
Дали ова е само теорија на заговор или случајност, засега нема објаснување.
Б. С. Б. | Црнобело