Фото-докази дека и принцезата Шарлот е „обично“ дете: Од досада го чепка носот, се проѕева и го плази јазикот, на настан со мама и тато
- Детали
- среда, 03 август 2022
Се проѕеваше, го чепкаше носот, ги триеше очите, а тато Вилијам и мама Кејт ја тешеа – принцезата Шарлот покажа дека не се разликува многу од другите 7-годишни деца, а слично како нејзините браќа Џорџ и Луи, и таа успеа да го „украде шоуто“.
За време на спортски настан што се одржа вчера (02.08.) Принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (40) беа придружувани од нивната ќерка принцезата Шарлот, а ако неодамна нејзиното најмало братче успеа да го украде шоуто за време на прославата на јубилејот на кралицата, сега таа за време на целиот настан го задржа вниманието на фотографите врз себеси.
Commonwealth Games се одржа во Бирмингем, а Шарлот првично беше мошне возбудена што ги следи спортските настани, па на поголем дел од фотографиите забележително е дека е насмеана и расположена.
Сепак, фотографите успеаја да ја уловат како прави гримаси, го чепка носот, а тато Вилијам и мама Кејт ја тешат додека таа се досадува.
Корисниците на социјалните мрежи се потсетија на настаните од минатиот месец кога нејзиното помало братче Луи го украде шоуто на јубилејот на кралицата со неодоливите изрази на лицето, а истото го има правено и Џорџ.
„Принцезата Шарлот го надмина Луи“ – пишува во една од објавите на Твитер.
Princess Charlotte is giving her brother Louis a run for his money with these expressions today 😂♥️ pic.twitter.com/sW0E8W3C9z
— Kayla Adams (@KaylaAdams___) August 2, 2022
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од принцезата на настанот:
Б. С. Б. | Црнобело