Холивудската актерка за првиот сопруг: „На првиот состанок ми подметна дрога и ми ја зема невиноста, се омажив за него од срам“
- Детали
- вторник, 02 август 2022
„Имав само 17 години и бев девица. Стапив во брак со него од срам, а потоа тој сакаше да ме продава на богати возрасни мажи“ – раскажува холивудската актерка Џоан Колинс во нејзината исповед за тоа како и зошто се распаднал нејзиниот прв брак.
Повозрасната публика ја помни по улогата во хит серијата од крајот на 80-тите, „Династија“, каде ја толкуваше улогата на Алексис Колби. Џоан Колинс, денес има 89 години, досега пет пати била во брак, а за себеси откри повеќе скандалозни вистини, што ја шокираа јавноста.
На почетокот на оваа година BBC направи документарен филм каде популарната актерка, која во моментов е во брак со 31 година помлад сопруг Перси Гибсон, отворено говореше за своите претходни бракови и откри неколку скандалозни вистини за својот прв брак.
Актерката кариерата ја започнала на возраст од само 17 години кога го завршила образованието на Кралската академија за драмски уметности.
Набрзо потоа следувала улогата во серијата I Belive in You, по што го запознала нејзиниот прв сопруг Максвел Рид, кој бил 14 години постар од неа. Таа имала само 17, а тој 31 година.
Во документарниот филм, Џоан тврди дека тој ѝ подметнал опојни супстанци во пијалакот и дека следно на што се сеќава е дека се нашла како има секс со него во неговата дневна соба.
„Тој имаше 31 година, а јас 17 и бев невина – знаев дека тоа ќе ми предизвика проблеми. Следно нешто на што се сеќавам е дека лежев на софата, а тој ме силуваше. Во тие денови, мајка ми ќе речеше дека ‘сум била искористена’, а денес се вика силување на состанок“ – раскажува Џоан.
Холивудската актерка вели дека по немилиот настан одлучила да се омажи за Максвел затоа што чувствувала вина и срам, по што работите само дополнително се влошиле.
„Медениот месец беше целосно фијаско. Изгледавме среќни однадвор, а се чувствував мизерно“ – вели таа.