87-годишната Џоан Колинс постојано шета со својот 31 година помлад сопруг - ова ѝ e 5-ти брак (фото)
- Детали
- недела, 18 април 2021
Во шик издание Џоан Колинс блеска покрај 56-годишниот сопруг во Лос Анџелес... Парот постојано оди на вечери и патува, таа е неуморна и на 87 години.
Џоан Колинс и на 87 години нема проблем да изгледа средено и шик секојпат кога ќе излезе од дома.
Легендарната британска актерка деновиве повторно беше фотографирана како се шета во Лос Анџелес со својот 31 година помлад сопруг.
56-годишниот Перси Гибсон ја водеше за рака својата сопруга додека одеа на вечера.
Парот и овојпат изгледаше одлично, а Џоан направи моден погодок со темно синото сако.
Ова е 5-ти брак за Колинс. Таа се омажи за Гибсон во февруари 2012 година.
Парот сега престојува во Лос Анџелес, а во поголемиот дел од пандемијата беа во нивниот дом во Лондон. Имаат домови во Лондон, Лос Анџелес и Сен Тропе на француската ривиера.
Фото докази направени неодамна кои се доказ дека Џоан Колинс е неуморна:
С. С. | Црнобело