Кара Делевињ се шета во машки боксерки и ја покажа псоријазата – сите се збунети од нејзиното чудно однесување (фото+видео)
- Детали
- четврток, 28 јули 2022
Кара Делевињ гордо ја покажа псоријазата и на црвениот тепих на Оскарите, откако призна дека заради тоа имала проблеми со депресија, а сега, беше уловена на прошетка во Сан Фернандо облечена во машки шорцеви, но освен што ја покажа псоријазата, фановите беа позагрижени за нејзиното чудно однесување.
Кара Делевињ во изминатиот период беше во фокусот на јавноста, затоа што на Мет Галата се појави во смело издание во кое ја покажа псоријазата, и откако на доделувањето на Billboard Music Awards 2022 си играше со плаштот на фустанот на Меган Ди Сталион.
Според нејзините фанови нејзиното однесување во Лас Вегас беше окарактеризирано како чудно, а видеото веднаш се прошири на социјалните мрежи.
Славниот модел, кој во моментов се појавува во шоуто Only Murders in the Building, сѐ уште привлекува внимание, а папараците упорно ја следат во секој чекор.
За време на изминатиот викенд го забележаа нејзиното чудно однесување додека се шеташе низ Калифорнија.
Кара, беше фотографирана како ја паркира колата на паркинг во Сан Фернандо, каде го помина денот.
Откако застана со автомобилот, моделот помина подолго време пребарувајќи низ него, додека не најде тутун за да направи цигара.
Кара е позната по својот ексцентричен стил на облекување надвор од модните писти, но овојпат беше во целосно опуштено издание, во машки боксерки и бела маичка, а на фотографиите се гледа дека сѐ уште има проблеми со псоријазата.
По ова, таа застана во ресторан за брза храна каде се видливи нејзините гримаси додека нарачува храна, од каде по некое време повторно излезе во нова облека.
Машките боксерки, Кара одлучи да ги замени со кратки бели шорцеви.
Инаку, Кара во минатото говореше дека на врвот на нејзината кариера имала и по 53 модни шоуа во една модна недела, поради што почнала да развива знаци на депресија.
Стресот, од друга страна, предизвикал кај неа да се развие кожното заболување псоријаза, што постојано морало да биде прекриено со дебели слоеви шминка.
Очигледно, Кара во слободното време не сака да користи дебела шминка за да ги покрие отпечатоците од кожното заболување.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од неа:
Б. С. Б. | Црнобело