Бруклин Бекам го помина одморот со семејството на Никола наместо со своето – гласини дека таа се скарала со Викторија
- Детали
- среда, 27 јули 2022
Наводно Никола Пелц Бекам и Викторија не се во добри односи, а Бруклин застана во одбрана на својата сопруга, па наместо одморот да го помине со Бекамови, тој ова лето го поминува со семејството Пелц. Која е причината за заладените односи меѓу снаата и свекрвата?
Италија, Хрватска, Сен Тропе... Се чини дека Бекамови целото лето го поминуваат на одмор, но за разлика од изминатите години кога семејството најчесто беше на куп, годинава нивниот најстар син Бруклин (23) не е со нив.
Тој летото го поминува со семејството на неговата сопруга Никола Пелц Бекам (27).
Во изминатиот период се шпекулира дека наводно Викторија Бекам не е во добри односи со нејзината снаа Никола Пелц Бекам, особено затоа што пред свадбата постојано коментираа една за друга на социјалните мрежи, а во последниот период не постои никаква комуникација меѓу нив.
Додека Бекамови уживаат на одмор на јахта во Сен Тропе, Бруклин одлучи летото да го помине со семејството на неговата сопруга, која објави фотографии и видео во кое се гледа како го прославувале 94-иот роденден на нејзината баба Бани.
Никола објави видео во кое се гледа дека Бруклин е мошне близок со нејзината баба, а на фотографиите се сите членови на нејзиното семејство.
„Среќен роденден, те сакам многу. Чест ми е да бидам тука за твојот роденден. Прекрасна си , изгледаш прекрасно денес. Ти благодарам што ме прими во твоето прекрасно семејство“ – ѝ вели Бруклин на бабата на Никола.
За да го погледнете видеото кликнете на стрелките во објавата:
Оние што подолго време шпекулираат дека Никола и Викторија не се во добри односи, видеото го искористија за да коментираат дека најверојатно ова е обид на снаата да ѝ упати порака на Викторија дека Бруклин е на нејзина страна.
Кавгите помеѓу двете семејства најверојатно започнале за време на свадбата на Бруклин и Никола.
Наводно, Викторија се налутила затоа што нејзината снаа не сакала да носи венчаница дизајнирана од неа, а дополнително на Бекамови им пречело тоа што на свадбата не седеле на истата маса со младенците.
Прочитајте и Го зеде презимето на сопругата, Дејвид и Викторија строго го контролирале за да не ги посрамоти – Факти за Бруклин Бекам
Викторија и Дејвид биле навредени затоа што целата свадба била можност за семејството Пелц да се „покаже“, а семејството на Бруклин било ставено во втор план.
Прочитајте и Бекамови одмораат во Хрватска – Која е австриската грофица на која ѝ бил подарен луксузниот ресорт на островот Лопуд?
Б. С. Б. | Црнобело