Уморен младоженец: Смешни папарацо фотки од Бен Афлек кој спие на брод во Париз, ќерка му го буди со бакнеж
- Детали
- недела, 24 јули 2022
Бен Афлек беше совладан од заморот додека заедно со семејството пловеа со брод на реката Сена во Париз. Папараци фотографите успеаја да го уловат како спие на стол со подзината уста, сè додека ќерка му не дојде да го разбуди со бакнеж.
По свадбата што се оддржа минатата недела во Лас Вегас, Бен Афлек и Џенифер Лопез заминаа на патување во Париз каде денес (24.07.) светски познатата пејачка треба да го прослави својот 53-ти роденден.
Бен и Џеј Ло се на меден месец заедно со двете ќерки на актерот Вајолет (16) и Серафина (13), како и близнаците на Џеј Ло Еме и Макс (14).
Деновиве парот е постојано во движење и не ја пропушта можноста да прошета и да ги види сите убавини што ги нуди главниот град на Франција, но очигледно Бен бил совладан од заморот, па така папараците успеаја да го уловат во еден незгоден момент.
Имено, додека останатите членови на семејството уживаа во пловењето со брод на реката Сена, Бен во еден миг одлучи да се оддалечи и да одмори на столче, но беше совладан од заморот.
Папараци фотките во кои Бен спие на стол со подзината уста го обиколија светот.