Бен Афлек гордо ја покажа бурмата во Париз, по гласините дека Џеј Ло побрзала со венчавка за тој да не се премисли (фото)
- Детали
- петок, 22 јули 2022
Наводно Џеј Ло брзо ја испланирала венчавката во Лас Вегас, затоа што се плашела дека нејзиниот свршеник би можел да се предомисли, слично како првиот пат кога не беше подготвен за брак и таа го остави. По брзата свадба, парот е забележан на меден месец во Париз, каде се заедно со децата.
Минатата недела Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49) стапија во брак во свечена церемонија во Лас Вегас, а сега се појавија првите фотографии од медениот месец.
Имено, парот одлучи да замине на свадбено патување во градот на љубовта – Париз, каде беа забележани како се држат за раце додека шетаат.
Џенифер Лопез носеше црвен фустан на преклоп, додека Бен беше облечен во син костум. Според фотографиите, може да се забележи дека заедно со нив се и двете ќерки на Бен, Вајолет (16) и Серафина (13).
На фотографиите од хотелот може да се забележи како Бен гордо ја покажа бурмата, додека пушеше цигара на прозорецот.
Претходно папараците го уловија парот за време на нивното пристигнување во Париз, во многу поопуштено издание, каде Џеј Ло беше во фармерки и маица со шапка, а Бен носеше фармерки и светла стуткана кошула.
Инаку, непосредно по венчавката во Лас Вегас се појавија шпекулации дека наводно Џеј Ло сакала таа и Бен овојпат брзо да го кажат судбоносното „да“ со цел да избегне нејзиниот свршеник повторно да се предомисли.
За потсетување Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во периодот од 2002-ра до 2003-та година, но тој пат не успеаја да стигнат до олтар. По 18 години, тие одлучија минатата година да ѝ дадат втора шанса на својата врска.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение: