Џеј Ло гола во кревет по венчавката со Бен Афлек во Лас Вегас: „Љубовта е трпелива, некогаш чека и 20 години“ (фото)
- Детали
- понеделник, 18 јули 2022
Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа во Лас Вегас во друштво на нивните деца, речиси 20 години откако ја откажаа првата венчавка. Пејачката, која ќе го земе презимето на Бен, ја покажа и бурмата со фотка без шминка.
Речиси 20 години откако ја откажа првата венчавка, Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа со интимна церемонија.
53-годишната пејачка и 49-годишниот актер ја крунисаа нивната љубов со брак во Лас Вегас, во друштво на нивните деца.
Според извор на Us Weekly, тие сметале дека ова бил забавен начин да се венчаат и двајцата биле пресреќни за одлуката.
Пејачката ги сподели убавите вести на нејзиниот веб-сајт со долга изјава, а сподели и неколку фотки од церемонијата.
На дел од фотките Џеј Ло носи долг бел фустан, а на фотографиите на коишто позира со актерот се гледа мал дел од венчаницата со долги ракави и разголени рамена.
За посебниот ден, актерот носеше бел костум.
Објавата на Џеј Ло:
„Љубовта е убава. Љубовта е добра. И изгледа дека љубовта e трпелива. Дваесет години трпелива.
Токму она што го сакавме. Минатата вечер отидовме во Вегас, чекавме во редица за нашата брачна дозволува со уште четири други парови, и сите сме го поминале истото патување до светската престолнина на венчавките. Зад нас двајца мажи се држеа за раце.
Пред нас, млад пар кој поминал три часа возење на денот на вториот роденден на нивната ќерка – сите ние го сакавме истото нешто – светот да нè препознава како партнери и да ја покажеме нашата љубов кон светот преку древниот и речиси универзален симбол за брак.
Едвај стигнавме во капелата до полноќ. Останаа отворени уште неколку минути, ни дозволија да се фотографираме во розов Cadillac, наводно кој некогаш бил користен од самиот крал (Елвис Присли).
Па, со најдобрите сведоци што можете да ги замислите, фустан од стар филм и јакна од гардероберот на Бен, ги прочитавме нашите заклетви во малата капела и си ги дадовме прстените што ќе ги носиме целите наши животи.
Дури имаа и Блутут звучник за (краток) марш до олтарот. Но, на крај ова беше најдобрата венчавка што можевме да си ја замислиме. Венчавка за којашто со сонуваме многу одамна и венчавка која конечно стана реалност“.