Меган Маркл на настан ископира стајлинг на Кејт Мидлтон (и фото-докази дека не ѝ е првпат)
- Детали
- четврток, 21 јули 2022
Меган Маркл, иако се откажа од кралските обврски, со принцот Хари постојано на своја иницијатива присуствува на многу значајни настани, па така пред неколку дена беше на прославата на Интернационалниот ден на Нелсон Мандела. Но, таа стана мета на критики поради некреативноста околу изборот на стајлинг... Наводно, ја ископирала Кејт Мидлтон.
Меган Маркл (40) се појави во црн комбинезон со бела лента над градите од 4.700 евра, кој е идентичен на фустанот кој го носеше Кејт Мидлтон пред извесен период.
Овој стајлинг Меган го избра за прославата на Интернационалниот ден на Нелсон Мандела, каде се појави со 37-годишниот сопруг, принцот Хари.
Моментално Меган со принцот Хари и нивните две деца живеат во Калифорнија.
Комбинезонот од брендот Gabriela Hearst одлично ѝ прилега на Меган, но во британските медиуми веднаш почнаа да кружат фото-докази како таа постојано се инспирира од стилот на Кејт и ѝ ги копира стајлинзите.
Meган Маркл
Кејт Мидлтон
Дел од фото-споредбите:
С. С. | Црнобело