Меган Маркл мисли дека е принцеза – направи скандал во ресторанот на Роберт де Ниро пред сите присутни

Наместо да седнат во приватна ложа или во посебна просторија, како што вообичаено е пракса, Меган и Хари израле да седнат на средината на ресторанот, а нивото обезбедување им се заканило на присутните дека ако некој се осмели да ги фотографира, ќе ги исфрлат. Кралскиот пар предизвикал хаос во ресторанот на Роберт Де Ниро.

megan-i-hari-predizvikale-haos-vo-restoranot-na-robert-de-niro-vo-njujork-obezbeduvanjeto-se-zakanuvalo-na-site-prisutni-foto-01.jpg

Принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) деновиве се во посета на Њујорк. Принцот имаше свое обраќање во Обединетите Нации по повод Денот на Нелсон Мандела, а Меган повторно успеа да го украде вниманието на папараци фотографите благодарение на модните изданија во кои се појави.

megan-i-hari-predizvikale-haos-vo-restoranot-na-robert-de-niro-vo-njujork-obezbeduvanjeto-se-zakanuvalo-na-site-prisutni-foto-02.jpg

Во текот на вчерашниот ден Меган Маркл беше на ручек со познатата писателка, новинарка и феминистичка активистка Глорија Стајнем, а војвотката од Сасекс како и многупати, со својот моден избор потсети на мајката на нејзиниот сопруг, принцезата Дијана.

megan-i-hari-predizvikale-haos-vo-restoranot-na-robert-de-niro-vo-njujork-obezbeduvanjeto-se-zakanuvalo-na-site-prisutni-foto-04.jpg

Со кратки темносини бермуди и бела кошула, надополнети со кафеав ремен и мала чанта, Меган изгледаше совршено.

megan-i-hari-predizvikale-haos-vo-restoranot-na-robert-de-niro-vo-njujork-obezbeduvanjeto-se-zakanuvalo-na-site-prisutni-foto-06.jpg

Подоцна, во текот на вечерта, парот одлучи да излезе на вечера во познатиот ресторан на холивудскиот актер Роберт Де Ниро, Locanda Verde, каде предизвикале вистински хаос.

megan-i-hari-predizvikale-haos-vo-restoranot-na-robert-de-niro-vo-njujork-obezbeduvanjeto-se-zakanuvalo-na-site-prisutni-foto-07.jpg

Познатиот пар беше фотографиран за време на влегувањето и излегувањето од ресторанот, но според изјавите на очевидци за Page Six, иако парот слободно се дружел со присутните, нивното обезбедување веднаш се распоредило на средина на ресторанот каде седеле Меган и Хари и им се заканило на присутните дека ако некој се осмели да ги фотографира или да ги снима додека вечераат, ќе биде веднаш избркан.

megan-i-hari-predizvikale-haos-vo-restoranot-na-robert-de-niro-vo-njujork-obezbeduvanjeto-se-zakanuvalo-na-site-prisutni-foto-08.jpg

Меган овојпат носеше црно-бел комбинезон и високи потпетици, а Хари се појави во темносина кошула и пантолони.

Сепак, според очевидците иако обезбедувањето се заканувало, кралскиот пар сепак одлучил да се поздрави со сите присутни, па дури и да му честита роденден на човекот што во тој миг имал прослава во ресторанот.

Погледнете уште фотографии од Меган и Хари на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg